Избореното шесто место во последната Калчо сезона значеше пласман на Милан во квалификациите за Лига Европа. Тоа дефинитивно донесе измешани чувства. Од една страна, сатисфакција за конечно европски фудбал по цели три години. Од друга страна, четири натпревари во фаза на квалификации, онаму каде што не играат екипи од рангот на Милан. И не само тоа, сезоната требаше да почне значително порано, а со самото тоа и припремите. Среќа што ова лето не беше такво во кое се играат Европско и Светско првенство, па сите стари и нови играчи беа достапни за ран старт на подготовките.
Во првиот ждреб, оној за 3-тото квалицикациско коло, Милан ја извлече романска Крајова. Вкупниот резултат од 3-0 не беше така убедлив, но сосема задоволувачки со оглед на тоа што сеуште беше крај на јули, односно почеток на август. Во меѓувреме, македонските фудбалски клубови, поконкретно Вардар и Шкендија, имаа евро-настапи за паметење. Вардар отпадна во 3-тото квалификациско коло од ЛШ и се премести во квалификациите за ЛЕ, додека Шкендија лесно ги помина трите претходни кола и заедно со Вардар влегоа во плејоф рундата.


Ждрепката сакаше Милан да ја добие тетовска Шкендија и за првпат во историјата да гостува во Македонија. Феноменална вест за македонските росонери! Милан претходно гостувал во соседството, во годините наназад играл во Србија, Грција, Романија, Хрватска… Но сега тука, во Скопје. Уникатна прилика за следење на омилениот клуб во својата држава, во својот град. Иако Милан беше носител и вториот натпревар по правило требаше да го одигра на Сан Сиро, се чекаше неколку дена да се утврди распоредот на натпреварите. На крај беше одлучено – првиот натпревар на 17 август на Сан Сиро, а вториот, на 24 август во Скопје.

Тоа што се случи во Милано и повеќе од убедливата победа на Милан од 6-0 за нијанса го ублажи набојот во пресрет на вториот натпревар. Резултатски се беше решено, но сепак, Milan is coming to town! По 11 годишно заедничко дружење, бодрење и патување за нашиот Милан, имавме чест да го пречекаме седумкратниот првак на Европа на домашна сцена. Играчите слетаа еден ден порано, имаа можност накратко да го разгледаат градот. Од наша страна следуваше организација за кратки, но ексклузивни средба со дел од играчите, со тренерот, со менаџментот на клубот! Потоа спремивме убава целодневна дружба пред натпреварот, за на крај да остане заедничкото следење на натпреварот на Филип Втори арената.
https://www.facebook.com/MilanFanClubSkopje/videos/110901592939553/
https://www.facebook.com/MilanFanClubSkopje/videos/111181212911591/
Милан победи и во Скопје, овојпат со 1-0 и со вкупен резултат од 7-0 се пласираше во групната фаза на ЛЕ. Но она што беше најважно за нас росонерите, имавме можност сега и којзнае кога повторно, во живо, на домашна локација да го гледаме нашиот Милан! Неповторливо искуство!
Повеќе за доживувањето наречено Милан во Скопје, на следниот линк.