Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Низата лоши резултати надополнето со лоша игра не носи во ситуација мечот со Фросиноне да го играме под огромен притисок поради тоа што повеќе не смееме да губиме бодови бидејќи повеќе не сме во топ 4.
Денес не очекува меч против Фросиноне на гости и во нормални услови не би требало да имаме било каков проблем да го победиме претпоследно пласираниот тим на табелата, тим кој има само една победа и 12 постигнати погодоци.
Мометалната форма и ростерот на Милан се загрижувачки па од вчера на листата на повредени и недостапни играчи се наоѓа и нашиот најдобар играч оваа сезона  – Сусо.

До крајот на годината нашиот тим по мечот со Фросиноне има натпревар на Сан Сиро со Спал па потоа следува пауза за одмор и припреми за вториот дел од сезоната но овие два натпревари, според сите шпекулации, се поставени како ултиматум за Гатузо од раководството на Милан и доколку Милан не дојде до две победи тогаш тoj сигурно ќе добие отказ.

За овој меч со Фросиноне во срцето на одбраната се враќаат Ромањоли и Мусакио, а бековските позиции ќе бидат пополнети со Родригез и Калабрија.
Измената која во составот планира да ја направи Гатузо и е доста нелогична е стартот на Мусакио пред Запата во моменти кога Колумбиецот е и повеќе од солиден и одбраната е и повеќе од консолидирана.
По хоророт во средината на теренот против Фиорентина, во првиот состав се враќаат Кеси и Бакајоко па заедно со Хакан се очекува да ја сочинуваат средината во формација 4-3-3.
Гатузо ќе мора да направи нешто со средината, ќе мора да почнат да играат поорганизирано, да има воиграни акции и до израз да може да дојде Гонзало Игуаин, кој сега за сега има ужасен период и за прв пат по неговото доаѓање во Серија А на 8 натпревари во низа нема постигнато погодок.

Со Игуаин во нападот се очекува да стартуваат Кастиљехо на десната крилна позиција и она што најмалку ќе ви се допадне е Кутроне на левата крилна позиција.
Оваа сезона веќе имавме прилика да го гледаме Кутроне на таа позиција и се надеваме дека денес ќе има далеку подобра партија од претходните, а додека конечно Саму Кастиљехо ќе стартува на својата природна позиција па да се надеваме дека ќе има добра партија и ќе биде клучен за 3-те бода кои мораме да ги освоиме.

Оваа сезона во терминот од 12.30ч напладне игравме со Парма и тогаш ги освоивме 3-те бодови па да се надеваме дека и денес овој термин ќе биде среќен за нас.
Гатузо и неговиот тим немаат многу опции за калкулирање па се освен победа ќе мора да резултира со отказ и ангажирање на некој поискусен тренер кој би можел да извади максимум од оваа екипа.

Forza Milan e andiamo ragazziiiiiiiiiiii!!!!