Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Нов ден и нов натпревар за нашиот Милан но овој пат на европско тло па денес во Лига Европа му гостуваме на Реал Бетис, тим кој не победи на Сан Сиро пред две недели.
Пред дерби натпреварот викендов со Јувентус не очекува тежок меч од ЛЕ, каде доколку повторно изгубиме тогаш самите ќе си ги искомплицираме работите до максимум и ќе ризикуваме да не ја поминеме групната фаза па со тоа и до крајот на сезоната единствена опција за ЛШ да ни биде само преку домашното првенство.

Бетис е млад и доста опасен тим,  добро технички поткован и тоа се докажа во првиот дуел на Сан Сиро каде тие победија со 2-1 и моментално се на првата позиција со 1 бод повеќе од нас.
Опасноста од овој тим повторно ќе доаѓа од Санабрија и Ло Селсо па нашиот десеткуван тим ќе мора да биде многу претпазлив доколку сака да освои било какви бодови на ова жешко гостување.

Од другата страна Милан  и Гатузо се соочуваат со огромни проблеми со повредени играчи па вечер повторно се очекува да настапиме со 3-5-2, формација која треба да ни донесе повеќе сигурност во одбраната, поголема концентрација на играчи во средината и секако победа.
За овој меч тренерот воопшто нема да може да смета на Калдара, Биглиа, Игуаин, Џек и Калабрија додека според сите најави заслужен одмор ќе добие нашиот капитен – Алесио Ромањоли.
Калдара и Биглиа според Гатузо ќе бидат надвор од спортските терени подолго време, Џек скоро сигурно го пропушта и Јувентус а додека Игуаин и Калабрија се очекува да бидат фит за големото дерби во недела.

На голот се очекува да стартува Пепе Реина, пред него тројцата централни дефанзивци би биле Мусакио, Запата и Родригез, а на крилните бековски позиции ќе напаѓаме преку Борини и Лаксалт.
По повредата на Биглиа како главни во средината на последните неколку натпревари играат Кеси и Бакајоко, а на овој меч друштво ќе им прави и Хакан Чалханоглу, за кого се надеваме дека конечно ќе влезе во ритам и повтнорно ќе ги прикажува одличните изданија од претходната сезона.
Во нападот друштво на младиот Кутроне ќе му прави Сусо, кој на овој меч ќе игра на нова позиција за која Гатузо изјави дека шпанецот е спремен и дека доста созреал во изминатата година.

Јасно е дека вечерва не очекува тежок меч, најверојатно со нова доза на нервози до последниот судиски свиреж но сите во тимот се свесни дека вечерва ќе немаат право на кикс доколку сакаат и оваа пролет да бидат дел од европските натпреварувања.
Доста измешан и комбиниран тим би истрчал на терен вечерва, тим кој досега немаше прилика да игра заедно и да се воигра но веруваме дека има доволно квалитет да го победи Бетис.
Победа вечер би значела многу повеќе од само 3 бода, победа вечер ќе биде дополнителен мотив за сите играчи повторно да го дадат својот максимум во недела против Јувентус, победа вечер би значело дека во тоа дерби влегуваме во супер форма и супер мотивација.

Forza Milan e andiamo ragazzzzziiiiiiiiiii!!!!!!!!