Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Конечно зимската пауза е завршена и не очекува тежок натпревар на гости кај екипата на Џеноа, натпревар кој мора да се добие по секоја цена иако тимот се соочува со огромни проблеми со цел да одржиме чекор во битката за ЛШ.
Мечот од Супер Купот со Јувентус не ни донесе ништо позитивно, покрај поразот на тој меч се здобивме и со низа суспендирани играчи и поради тоа не очекува исклучително тежок меч.
Имено по мечот со Јувентус покрај Ромањоли, Кеси и Калабрија суспендиран ќе биде и тренерот Гатузо, а покрај сите овие проблеми вреди да се спомене дека на овој меч ќе недостига и Гонзало Игуаин, кој официјално поднесе барање за трансфер и неговиот премин во Челзи се очекува да биде официјализиран утре.

Добра вест е што најдобриот играч на Џеноа, Пјонтек, е суспендиран за денешниот меч и во текот на утрешниот ден се очекува да стави потпис на 5 годишен договор со Милан, тој ќе биде директна замена за Гонзало Игуаин и се надеваме дека ќе продолжи со добрите игри и во нашиот клуб.
Џеноа оваа сезона се наоѓа во долниот дел на табелата но и покрај тоа нас поради низата суспендирани и повредени играчи не очекува тежок меч па иако Пјонтек и Лападула не се во составот огромни проблеми може да ни создадат Куаме и нашиот Горан Пандев.

Повторно најголемата грижа на овој натпревар според прогнозираниот состав погоре ќе ни биде одбраната бидејќи во ниеден момент оваа сезона Мусакио и Абате не успеаа да не убедат дека од нив можеме да очекуваме сигурност па затоа од суспендираните играчи најмногу ќе се почувствува отсуството на капитенот, Алесио Ромањоли.

Во средината на теренот трет пат едно по друго ќе стартува Лукас Пакета, бразилецот носи една нова димензија во нашиот среден ред и како одминува времето од него очекуваме подобри партии и конечно прв гол во дресот на Милан.
Од Бакајоко и Хакан веќе знаеме што можеме да очекуваме, едниот ни носи дефанзивна сигурност која ни беше и повеќе од потребна по повредата на Биглиа додека од другиот очекуваме далеку посериозен пристап и конечно креативност која ќе му помогне на нападот полесно да си ја заврши работата.

По кратка пауза поради повреда на теренот се враќа и Сусо, тој заедно со Кутроне и Борини ќе ја сочинува напаѓачката тројка за овој меч против Џеноа па по низата лоши и разочарувачки натпревари време е тој повторно да се истакне и да ги покаже своите квалитети.
Кутроне како стартер го нема истиот импакт како кога ќе влезе од клупата но поради тоа што Игуаин побара трансфер и ние немаме друг напаѓач во тимот, тој ќе мора да почне од првата минута и да се потруди да има што поголем удел во играта.

Очигледно е дека ни следува тежок меч но и покрај сите препреки мора да дојдеме до 3 бода со цел да избиеме на 4-тото место бидејќи во периодот кој ни следува не очекуваат мечеви со Наполи и Рома.

Forza Milan e andiamo ragazziiiiiiii!!!!!!!!!!!!!!!!