Дојде време и за возвратниот дуел против градскиот ривал Интер па така вечер од 20.30ч не чека преполн Сан Сиро и огромна прилика за победа и зацврстување на третата позиција во лигата.
Дербито доаѓа во прав момент за Милан, клубот е во добра форма, тренерот Гатузо на располагање ги има сите играчи освен Џек Бонавентура додека Интер изминатиот период поминува низ низа огромни проблеми и е во резултатска криза.
Во тимот на Интер веќе подолго време има раздор помеѓу некои играчи и управата, нивниот капитен Икарди не настапува за клубот веќе повеќе од еден месец а исто така беа елиминирани и од Лига Европа од екипата на Ајнтрахт па би рекле дека ова е погоден момент за победа и одмазда за првиот натпревар со нив оваа сезона.
Покрај Икарди на овој меч поради повреда нема да настапи и Раџа Наинголан, а под знак прашалник е и Марсело Брозовиќ но и покрај овие работи во дерби дуел никогаш не треба да се потцени противникот.
Од друга страна проблемите за Милан се веќе минато, клубот игра одлично во оваа втора полусезона, одбраната е на високо ниво и е една од најдобрите во Европа а новите засилувања Пјонтек и Пакета се вклопија толку добро што ни се чини дека со години се дел од Милан.
Гатузо на ова дерби ќе мора да покаже дека е човек за големи работи, ќе мора да ја прифати фаворитската улога и на терен тимот да се однесува како таков, ќе мора уште од самиот старт да се покаже дека Милан ја сака победата и дека победата е единствена опција.
Ова е натпревар каде не смееме да калкулираме со резултатот, не смееме да имаме алиби за неповолен резултат и не смееме играта да му ја препуштиме на Интер туку напротив треба да го искористиме овој лош период на Интер и трите бодови да бидат запишани на нашето конто.
Милан нема победа во Серија А против Интер веќе 3 години, доколку не ја земеме во предвид победата во купот од минатата сезона, па овој меч денес од одлична прилика таа црна серија да престане и нашиот тим да се одвои на +4 од градскиот ривал.
И на овој меч се очекува Гатузо да почне со оние 11-мина кои му донесоа многу позитивни резултати изминатиов период па така покрај стандардниот Донарума на гол, одбраната ќе ја сочинуваат Калабрија, Родригез, Мусакио и капитенот Ромањоли.
Во средината иако Биглиа имаше супер меч против Киево, Гатузо ќе стартува со Бакајоко, Кеси и Пакета, одлука која е исправна бидејќи Биглиа само што се врати од повреда и ќе биде одлична опција од клупата.
Нападот како и досега ќе го сочинуваат Пјонтек, Сусо и Чалханоглу, очекуваме да изиграат на високо ниво и да бидат константна опасност за одбраната на Интер.
Вечерва сите очекуваме и посакуваме победа, победа која ќе значи Лига на Шампиони и зацврстување на 3-тото место па воедно и ве покануваме на нашиот собир во “Play” на ул. Македонија!
Forza Milan e andiamo ragazziiiiiiiii!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!