Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

По поразот во дербито со Интер и интернационалната пауза, момците на Рино Гатузо се враќаат на задачите во италијанската Сериа А, на гостување во Џенова и екипата на Сампдорија. Традиционално пред секој натпревар, тренерот Рино Гатузо одржа прес-конференција за медиумите, каде меѓу другото говореше и за следниот противник, дербито со Интер и неговата иднина.

 

Ќе се соочиме со екипа која ни создаде проблеми оваа сезона, во лигата и во купот. Имаат одлични играчи во нападот, примаат малку голови, но пред се, имаат фантастичен тренер. Трениравме добро оваа недела, и покрај големото разочарување по Дербито со Интер. Имаме 10 финалиња пред нас и играме за нешто важно. Не смееме да ја загубиме ‘главата’, сакам да видам тим кои сме навикнати да го гледаме – тим кој не дозволува ништо на противникот.

 

Дербито? Јас погрешив. Погрешив, бидејќи побарав од момците да играат високо, нешто на кое не сме навикнати да играме. Загубивме натпревар кој за нас беше најважниот натпревар во изминативе неколку години. Тоа беше голем удар за нас, но мора да гледаме напред и да успееме да се квалификуваме во Лигата на Шампионите.

Франк Кеси во дуел против играч на Интер на Дерби дела Мадонина, 17 март 2019

 

Кеси? Разговарав со него. Бев разочаран, но тоа е веќе минато. За време на мојата играчка кариера, и јас често грешев, но сеокгаш се соочував и ја плаќав полната цена за тоа, превземајќи ја целосната одговорност.  Сусо? Се уште не знам дали ќе биде во стартниот тим. Потребен ни е играч кој е постојано инволвиран во играта, тој може да даде многу и мислам дека треба да му се даде доверба.

Сусо за време на Дерби дела Мадонина, 17 март 2019

 

Сан Сиро? Да играш на таков стадион е сон за секој играч. Но, во модерниот фудбал, да се поседува стадион е навистина важно – доволно е да се погледа примерот со Јувентус. Мојата иднина во клубот? Ќе дознаете за 2 месеци. Тоа не е приоритет сега, сега размислуваме само за остварување на нашата цел.