Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Новиот Милан на Марко Џампаоло имаше лош старт на сезоната, бележејќи пораз на гостувањето во Удине. Покрај резултатот, она што најмногу загрижуваше беше лошата игра на Милан, кој не успеа да забележи удар во рамките на голот во текот на целиот натпревар. Второто коло носи домашен натпревар против новајлијата Бреша, каде момците на Џампаоло ќе имаат можност да го поправат впечатокот оставен по првиот натпревар. Стандардно како и пред секој натпревар, тренерот на Милан одржа прес конференција каде меѓу другите работи, говореше и за натпреварот во Удине, следниот противник и начинот на работа.

 

­­­Не очекуав таква игра од Удинезе на последниот натпревар, не очекував дека ќе играат повлечено и ќе се обидуваат со контри да не пробијат. Како и да е, Милан не смее да игра како што играше на тој натпревар. Уште од првиот ден тука јас велев дека ми е потребно време за работа, за да можам да створам нешто за овој тим.

Сусо во акција за време на натпреварот Удинезе – Милан, 24 август, 2019

 

Бонавентура е навистина силен играч, но му недостасува тренинг, затоа ќе мора да биде трпелив. Чалханоглу како плејмејкер? За мене, треквартиста е всушност напаѓач кој се прилагодува и прикажува жар и пожртвуваност. Затоа сметам дека Сусо може да игра на таа позиција, бидејќи има карактеристики на еден напаѓач.

Џакомо Бонавентура за време на тренинг на Миланело, Август 2019

 

Сите натпревари се тешки, фактот што ќе имаме повеќе од 60,000 навивачи на наша страна е позитивна работа, но ги замолувам фановите за трпение. Тимот работи напорно и е само прашање на време, Милан нема да биде тим кој чека, туку ќе биде тим кој ќе го диктира темпото на натпреварот. Овој тим на Бреша е навистина солиден, ми делуваат слични на мојата Сампдорија бидејќи се организиран тим кој знае како да надополни за недостатокот на искуство во тимот, па затоа ќе треба да прикажеме добра игра ако сакаме поволен резултат.

Курва Суд Милано во одлично издание за време на натпреварот Милан – Наполи, 26 јануари 2019

 

По натпреварот со Удинезе, зборував со директорите, потребно е да анализираме каде погрешивме, а каде прикажавме добра игра. Мојот концепт на работа е различен, играч кој доаѓа во тимот мора да застане на крајот на редот и да ги научи концептите. Поради тоа, новите играчи не добиваат веднаш шанса во првиот тим. Јас ќе продолжам со мојата идеја за фудбал. Потребно е да се постави одредена цел за секоја тренинг сесија, се со цел да се подобри изданието на секој играч. Никогаш нема доволно време, но затоа сум јас тука за да создадам време, бидејќи не сум од оние што сакаат да прескокнуваат чекори.