Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Набиена агенда во италијанската Сериа А и вонредно 30то коло, каде екипата на Милан е домаќин на екипата на Удинезе. По неочекуваниот пораз и лоша игра против екипата на Сампдорија, момците на Рино Гатузо се пред навистина значаен натпревар во кој победата е императив. Тренерот Рино одржа прес-конференција пред медиумите, каде меѓу другото говореше и за натпреварот со Удинезе, односот со клубот и состојбата на тимот.

 

За нас, ова претставува навистина важен натпревар. Треба да му пристапиме со голема желба, но исто така и со голема доза на смиреност. Удинезе влегува во овој натпревар со победа од претходниот натпревар, па така потребно е да бидеме фокусирани. Не треба да размислуваме за третата позиција, четвртата позиција ниту пак за растојанието помеѓу тимовите кои не бркаат.

Рино Гатузо за време на тренинг во Миланело тренинг центарот

 

Влегуваме во овој натпревар по два лоши резултати, но овој тим ми дава надеж – живи сме и правиме се што е во наша моќ. Можевме да постигнеме гол во Џенова, впрочем игравме подобро во одредени делови на натпреварите со Интер и Сампдорија во однос на мечевите со Сасуоло и Киево, натпревари кои ги победивме. Судиите? Не би сакал да барам оправдувања. Како што треба да го анализираме секој противник, така треба да го знаеме стилот на секој судија. Имаше два клучни моменти на натпреварот со Сампдорија, но не би сакал да дискутирам за тоа.           

Паоло Малдини и Леонардо за време на натпреварот помеѓу Милан и Јувентус во рамките на женската италијанска Сериа А, 17.02.2019

 

Мојот однос со клубот? Никој не може да го оспори единството кое постои помеѓу мене, Леонардо и Малдини. Нашите карактери значат дека ги кажуваме работите што ги мислиме директно. Мојата моментална цел е да го вратам Милан во Лигата на Шампионите. Она што е важно е клубот, се останато е секундарно.

Паоло Малдини и Леонардо за време на тренинг во Миланело тренинг центарот

 

Калдара тренира со тимот веќе 20-25 дена, тој тренира добро и работи напорно. Тимот мора да биде активен и да се труди да ги повреди противниците, помагајќи му на Пјонтек во нападот. Грешката на Џиџо е дел од фудбалот. Она што ми се допадна е неговата реакција, покажа зрелост. Исто така, ми се допадна она што го кажа Конти во врска со целата ситуација.

Матиа Калдара и Кшиштоф Пјонтек за време на тренинг во Миланело тренинг центарот