Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Престојниот викенд, градот на модата Милано ќе пулсира во ритамот на најважната споредна работа на светот – фудбалот. Време е за дерби, време е за Дерби дела Мадонина! Момците на Рино Гатузо после подолго време се наоѓаат на 3та позиција, со само бод предност во однос на градскиот ривал Интер кој ја завзема 4та позиција. Од таму, ова дерби ќе има уште еден мотив повеќе, односно директен дуел за пласман во Лигата на Шампионите! Пред вака важен дуел, престижниот италијански медиум Газета дело Спорт го интервјуираше Хакан Чалханоглу, кој проговори за атмосферата пред дербито, неговиот однос со Рино Гатузо, како и неговите желби за натпреварот против Интер.

 

Како му приоѓаме на натпреварот? Навистина добро.. сите ние го чекаме тој натпревар. Постојат силни чувства и големи очекувања. Важноста на натпреварот е навистина висока, факт кој не може да се скрие. Како јас му приоѓам на дербито? Во фудбалот, тајмингот е навистина важен… постојат подеми и падови. Јас како карактер, сум секогаш фокусиран на тимот а не на себе. Сепак, среќен сум со моето издание во изминатите две недели, ситуацијата значително се подобри.

Хакан Чалханоглу и Франк Кеси за време на натпреварот Лацио – Милан на Олимпико во Рим, 26.02.2019

 

Гатузо? Во мојата кариера до сега, секогаш сум имал одличен однос со сите тренери. Го почитувам тренерот и добивам почит од него назад. Исто така, би сакал да потенцирам дека односнот на Гатузо кон мене е ист како и кон сите останати играчи. Тој беше играч и ги знае потребите на неговите играчи. Во соблекувалната, комуникацијата помеѓу тренерот и играчите е фундаментална. Тој пренесува многу позитивна енергија и ни овозможува да играме со висок интензитет. Исто така, ми помогна и во приватниот живот.

Кшиштоф Пјонтек и Хакан Чалханоглу во прослава за време на натпреварот Киево – Милан на Бентегоди во Верона, 10.03.2019

 

Дали сум подобар во средниот ред или како крило? Тоа зависи од тренерот, мое е да се адаптирам на позицијата. Ако има потреба, можам да играм и по десната страна во нападот, а доколку има некој во подобра моментална форма од мене, тогаш јас ќе се преселам на клупата, како што и се случи пред некое време.

Хакан Чалханоглу за време на тренинг во Миланело

 

Разликата помеѓу германската и италијанската лига? Во Германија јас играв најчесто во нападот. Тоа е една од причините зошто таму постигнував повеќе голови. Во Италија, тактичкиот аспект е навистина важен и јас мора да се адаптирам на новиот систем. Дали шпекулациите за трансфер во јануари беа вистина? Треба да го прашате мојот агент.. јас знам за интерес од неколку екипи но сум среќен со мојата работа тука. Се надевам дека уште долго ќе останам во Милан, но сепак на крајот тоа е одлука на клубот.

Патрик Кутроне и Хакан Чалханоглу во прослава по постигнување на гол на натпреварот Милан-Дуделанж, 29 ноември 2018

 

Моја прогноза за дербито? Ќе биде тоа различен натпревар во однос на првиот натпревар. Имаме голема почит кон Интер и знаеме дека ќе биде навистина тешко. Технички ќе играме на домашен терен и ќе ја имаме подршката од навивачите, но сепак ќе треба да дадеме 150% од себе. Дали сме фаворити? Не сме фаворити, но сме во одлична форма!