Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Во можеби најважниот натпревар во сезоната, момците на Рино Гатузо го дочекуваат тимот на Лацио во можеби финалната битка за тоа толку посакувано 4 место и пласман во Лигата на Шампионите! Тренерот на Милан ја одржа својата традиционална прес конференција пред натпреварот со Лацио, каде меѓу другото, говореше и за состојбата на тимот, индивидуалците и клубот.

 

Лацио се тим кој имаат силни физички карактеристики, навистина добро организиран тим кој може да биде многу опасен. Оваа година, повеќе од 2 милиони фанови дојдоа на Сан Сиро, што претставува еден фантастичен податок. Тоа за нас креира поголема одговорност, па така ќе биде потребно едно храбро издание, издание во кое ќе прикажеме борба и ќе одиграме добро на техничко ниво. Мора да победиме, иако тоа ќе биде навистина тешко. Утрешниот натпревар ќе биде навистина важен за крајниот изглед на табелата.

Рино Гатузо за време на натпреварот Милан – Емполи, 22 февруари 2019

 

Тимот е жив, влегуваме во овој натпревар по една добра работна недела. Би сакал да го видам истиот менталитет како оној против тимот на Јуве. Овој тим може и мора да се подобри, како што можам и морам јас, но ако се споредиме со тоа каква беше состојбата пред една година, може да се забележи напредок на психичко ниво.

Сусо за време на натпреварот против Јувентус, 6 април 2019

 

Би сакал да го видам вистинскиот Сусо повторно, тој одигра солидно против Јувентус. Промени во одбраната? Ќе видиме. Се надеваме дека наредната недела ќе го имаме повторно на располагање Донарума. Пакета се подобрува значително, па во теков на наредните денови ќе дефинираме како и колку ќе се одвива неговото опоравување. Дали повторно Борини ќе стартува? Ќе видиме. Одигравме добро во средниот ред на натпреварот во Торино, можевме подобро со топката но сепак јас се надевам дека овој дел од тимот ќе го даде својот максимум на натпреварот со Лацио.

Рино Гатузо и Паоло Малдини за време на тренинг на Милан пред натпреварот во СуперКупот на Италија против Јувентус, 15 јануари 2019

 

Навистина ми значат коментарите на Паоло Малдини во однос на мојата ситуација во клубот. Јас имам уште 2 години од мојот договор со Милан, мојата и целта на клубот се сеуште исти: пласман во Лигата на Шампионите. Имаме одличен клуб позади нас, навистина добро подготвени луѓе, па така јас сум мирен во однос на новите проблеми со УЕФА.