На огромно задоволство на сите фанови, клубот денес објави дека Ѕвонимир Бобан, играчка легенда и член на ‘Куќата на Славните’ на Милан, е назначен за Главен Фудбалски Директор. Станува збор за ново креирана позиција, според која популарниот Ѕвоне ќе биде задолжен за координација и супервизија спортскиот дел, каде ќе работи заедно со извршниот директор на Милан Иван Газидис, како и со ново назначениот Технички Директор на клубот, Паоло Малдини. Во продолжение ви ја пренесуваме изјавата на новиот член на Милан, Ѕвонимир Бобан.
Пресреќен сум што се враќам во мојот сакан Милан и ќе дадам свој придонес за да го вратам онаму каде што заслужува да биде. Ќе дадам се од себе за оваа цел и за црвено-црната боја на овој клуб. Кога Паоло ми се јави, јас веднаш влегов во својот автомобил и се упатив кон неговиот дом. По разговорот со Иван, се беше јасно.
И еве ме мене тука, во мојот град, во клубот кој го сакам и на место кое направило многу за мене. Се надевам дека ќе можам да возвратам на укажаната доверба. Би сакал да му се заблагодарам на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, кој иако е ‘Интериста’, ми беше вистински пријател и сфати дека ова беше повик сличен на оној пред 3 години. Сфати дека е невозможно да се каже ‘не’ на Милан!