Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Првиот голем натпревар за Милан оваа сезона доаѓа во 4то коло. Време е за миланско дерби, време е за Дерби дела Мадонина! По тешкиот почеток за Милан оваа сезона, каде забележаа пораз од Удинезе и две навистина тешки победи против послабите Бреша и Верона, момците на Марко Џампаоло се соочуваат со градскиот ривал Интер, кој имаше одличен старт на сезоната, бележејќи три победи во првите три натпревари. Џампаоло на стандардната прес-конференција пред натпреварот, говореше за атмосферата пред дербито, важноста на натпреварот како и за новите засилувања, а ние во продолжение ќе ви пренесеме дел од неговата изјава.

 

Каква атмосфера очекува на натпреварот против Интер? Еден од моите асистенти беше присутен на Дерби дела Мадонина лани, бидејќи се соочувавме со еден од двата тима. Тој ми ја пренесе целата атмосфера и страст поврзани со овој натпревар. Ќе биде сензационално!

Мусакио и Биглиа за време на тренинг на Миланело

 

Колку е важна победата утре? Нашата амбиција е да играме добро и да победиме. Тоа секогаш била мојата амбиција. Победите помагаат да се движиш напред. Сум имал искуство со градски дерби натпревари во Џеноа и знам добро што тоа значи за фановите.

Марко Џампаоло за време на тренинг на Миланело

 

Интер фаворити? Не знам дали Интер влегува како подобар или полош во овој натпревар, ова е натпревар кој им пркоси на сите предвидувања. Дали е предност тоа што Милан се смета за аутсајдер во овој натпревар? Воопшто не ме интересира дали Милан е аутсајдер, сакам само тимот да игра добро и да внимава на ситните детали.

Капитенот Алесио Ромањоли за време на тренинг на Миланело

 

Конти или Борини на местото на Калабрија? На дербито ќе стартува Конти, тоа е една навистина важна можност за него. Станува збор за момче кое тренира напорно и е секогаш спремен. Тој е свесен дека треба да го подобри дефанзивниот аспект од својата игра и напорно работи на тоа поле.

Андреа Конти за време на тренинг на Миланело

 

Дали Милан е спремен на своите фанови да им подари победа во дербито? Не смее да заборавиме дека се што правиме во овој клуб, го правиме за нашите фанови. Знам какво е чувството да победиш во едно дерби, го имам искусено тоа. Знам што за фановите претставува едно дерби.

 

Статистиката на Џампаоло во дерби натпреварите со Сампдорија е 4 победи и 2 нерешени натпревари. Од таму, се надеваме дека ќе ја забележи својата прва победа на Дерби дела Мадонина, натпревар кој започнува вечер од 20:45!