Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Милан продолжува во ист ритам! Момците на Рино Гатузо успеаа да ја продолжат победничката серија од 5 победи во последните 5 натпревари, победувајќи ја екипата на Киево со резултат 1-2, благодарение на фантастичниот гол на Лукас Биглиа од слободен удар и рутинскиот гол на Кшиштоф Пјонтек. По натпреварот, кратко интервју за медиумите даде капитенот Алесио Ромањоли, кој меѓу другото, говореше и за важноста на овие три бода, Пјонтек и Кутроне.

 

Ова беше важна победа, победа која ни овозможува да ја продолжиме нашата серија. Денес, не одигравме добро, но во вакви натпревари она што е важно се освоените три бода. Бевме компактни и немилосрдни. Сега, нашиот фокус и подготовки се насочуваат кон Дербито, исклучително тежок натпревар. На тој натпревар ќе треба да го дадеме нашиот максимум и да одиме на победа.

Алесио Ромањоли и Кшиштоф Пјонтек по завршувањето на натпреварот Киево – Милан, 09.03.2019

 

Примениот гол од Киево? За нас тоа е разочарување, бидејќи никогаш не е добро да примите гол. Пјонтек? Тој е силен и го покажува тоа. Кутроне исто така ја дава целата своја енергија кога игра. Ајде да им честитаме и да се надеваме дека ќе продолжат со исто темпо.

Маето Мусакио и Алесио Ромањоли на натпреварот Киево – Милан, 09.02.2019