Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Милан игра во одлична форма втората полусезона. До сега две нерешени во дербињата со Рома и Наполи и без ниту еден пораз, притоа примајќи само 5 гола. Денес на програмата е меч против Киево на Маркантонио Бентегоди во Верона. Киево во моментов е на последното место и се освен победа и задржување на третото место, ќе биде неуспех. На прес-конференцијата пред натпреварот зборуваше тренерот Џенаро Гатузо.

Тоа ќе биде многу тежок натпревар и мораме да победиме по секоја цена. Тие играат релаксирано и треба да ги почитуваме. Не можеме да го погрешиме. Потребно е да одиграме одличен натпревар. Треба да бидеме свесни дека имаме многу што да изгубиме. Тие се борат за опстанок и се последни во лигата, но треба да бидеме многу внимателни и да покажеме високо ниво на концентрација. Натпреварот со Киево е важен, а после ќе се подготвуваме за Дербито.

Сакам да го слушам зборот „ние”, а не „јас”. Сакаме единство сите да бидат среќни, не смееме да ја изгубиме енергијата што ја имаме. Оние кои не играат, не се среќни, но треба да се покаже почит за соиграчите кои ќе излезат на теренот. Играчите мора да ги дадат се од себе. Јас не правам избор затоа што ми се допаѓа или не ми се допаѓа играчот. Треба да се гордееме со она што го правиме и да продолжиме на овој пат. Притисок е нешто со што се соочуваме носејќи го овој дрес.

Кога ги анализираме натпреварите, гледаме дека Пјатек секогаш напаѓа на страната на противникот. Ние честопати се обидуваме да го пронајдеме. Во ред е да извлечете максимум од него, но не цело време. Ако напаѓа од позади, тоа значи дека тој ги шири противниците, а тоа води до повеќе простор на теренот. Многу се зборува за полските напаѓачи, тие пораснаа многу. Ми се допаѓа како го перцепираат фудбалот, не зборуваат многу и се многу дисциплинирани.

Ако некој играч одмара, тоа ќе биде затоа што тоа е потребно. Кога играте на секои три дена и трчате многу, уморот ќе ве стигне. Имаме голем состав и многу играчи се подготвени да играат. Треба да управуваме со целиот тим на најдобар можен начин. Сè уште треба да направиме чекор напред во смисла на нашата зрелост и читањето на играта. Сè уште има простор за подобрување. Треба да продолжиме да растеме и подобруваме без да размислуваме за проблемите што другите би можеле да ги имаат. Убеден сум дека проблемот со Икарди го засили Интер.

Сусо нема проблем со физичката спремност. Можеби минува низ тежок период, но тој е навистина важен во однос на поените што ги освоивме. Тој е во ред и не е проблем. Важен е за нас, бидејќи тој е способен да го направи тој исчекор во квалитет. Калдара е достпен. Јас сум задоволен од зборовите што ги слушнав од Конти вчера. Ние знаеме низ што помина тој, но исто така ја знаеме неговата вредност. Покрај него, има и други играчи кои не играат многу, но секој мора да ги почитува одлуките што се донесуваат. Чалханоглу останал во Германија два дена за да присуствува на раѓањето на своето бебе. Среќни сме и ќе видиме утре. Лаксалт ќе игра. Дали ќе започне Биглија? Ајде да почекаме и да видиме, тој беше надвор од терените подолго време. На Запата му треба малку работа пред да биде повторно достапен. Обнова на договорот? Клубот предложи продолжување на една година и го чекаме неговиот одговор.

Не мислам многу на мојата иднина, само иднината на Милан е она што е важно. Мислам да го дадам најдоброто се од себе и размислувам само на натпреварот со Киево. Досега не сум бил целосно задоволен, се подобруваме во Италија, но треба да бидеме подобри и во Европа.