После долга пауза надвор од терените, Андреа Конти пополека се враќа во ритам. По натпреварот против Емполи, кој за него беше прв целосен натпревар после подолго време, Андреа се чувствува добро и е спремен за сите предизвици кои доаѓаат. Тој во интервју за MilanTV говореше за неговата состојба во тимот, следниот противник, како и за главната цел оваа сезона.
КИЕВО
Треба да се подготвиме за Киево на најдобриот можен начин, исто онака како да се соочуваме со силен тим без да мислиме на наредниот натпревар. Нашата цел е да ги освоиме 3те бода на Бентегоди. Психолошки се наоѓаме во добра форма, секоја победа ни помага да се чувствуваме многу подобро и затоа мора да продолжиме со истото темпо. Нашите следни два натпревари пред интернационалната пауза ќе бидат навистина важни. Зимската пауза ни помогна да се одмориме, новите засилувања ни помогнаа многу и сум убеден дека оваа позитивна резултатска серија ќе ни помогне во остварување на нашата цел.
ОДБРАНАТА
Работиме напорно на дефанзивниот аспект од играта, аспект на кој инсистира тренерот Рино Гатузо. Тој се обидува да го извади најдоброто од нас и резултатите се евидентни, ја имаме најдобрата одбрана во Европа во изминативе неколку месеци и тоа е навистина важен факт бидејќи доколку сакаме ги оствариме нашите цели, неопходна е квалитетна и цврста одбрана.
КАМБЕКОТ
Се чувствувам добро, натпреварот против Емполи беше мој прв целосен натпревар после подолго време. Да бидам искрен, мислев дека ќе бидам во полоша форма од оваа сега. Свесен сум дека во моментов не сум физички подготвен за 90 минути, можеби некои 70% подготвеност. Јас сум спремен, тренерот го знае тоа, знае дека може да смета на мене, тренирам добро и ќе се обидам да го дадам својот максимум на теренот.
ГЛАВНАТА ЦЕЛ
Среќни сме, Калдара и Биглиа се веќе на располагање на тимот. Тие беа повредени подолго време, вклучувајќи го и Запата кој беше надвор од тренинг процесот околку месец дена. Колку повеќе играчи на располагање, толку подобро за тимот, секој треба да допринесе без разлика дали игра или не. Треба да го дадеме својот максимум на тренинзите, се со цел да им помогнеме на првотимците да тренираат понапорно. Сите ние имаме една иста цел, во моментот најважно е да се концентрираме на освојување на пласман во Лигата на Шампионите. Нормално е одредени играчи да бараат повеќе минути на теренот, нормално е тие што играат помалку да не бидат среќни, но тимот и нашата цел се најважната работа за овој тим.