Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Со две победи во низа над Џенова и Сампа нашиот тим конечно се врати во топ4 и доколку сакаме да останеме таму тогаш денешното гостување мораме да го претвориме во три бода.
Два трилер натпревари, еден пресврт против Сампа и гол во судиското надополнување со Џенова не вратија онаму каде што сите сакаме нашиот клуб да биде и онаму каде што нашиот клуб ќе треба да ја заврши сезоната.
Низата од повредени играчи не сопира па тренерот Гатузо и на овој меч ќе има многу проблеми и како резултат на тоа негов избор на формација е 4-4-2.
Покрај Калдара и Калабрија на овој меч не се повикани Хакан Чалханоглу и Џек Бонавентура, двајцата се жалат на ситни повреди и клубот реши да не ги ризикува во овој меч со цел да не се здобијат со некоја посериозна повреда која ќе ги оддалечи од терените на подолг период.
Најлошите вести оваа недела се оние за Лукас Билглиа, каде се потврди дека тој ќе отсуствува од терените 6-8 недели па како резултат на ова, за натпреварот со Удинезе, по подолга пауза е повикан поранешниот капитен Рикардо Монтоливо.

Во одбраната покрај Ромањоли се очекува да настапи Запата, а додека на десната бековска позиција повторно ќе се мачиме со Абате, на левата бековска позиција стандардно ќе настапи Рикардо Родригез, кој игра одлична сезона досега.
Главните задачи за организирање на играта на овој меч ќе бидат на Кеси и Бакајоко, на крилните позиции ќе настапат Сусо и Лаксалт а во нападот Игуаин и Кутроне ќе пробаат да им направат што е можно повеќе проблеми на Удине.

Кај домаќините најголемата опасност секако ќе доаѓа од Lasagna и De Paul па нашите дефанзивци ќе мораат да бидат многу претпазливи заедно со Џиџо Донарума.
Меѓудругото Удине има и други квалитетни играчи кои можат да ни наштетат како Барак, Мандрагора и Фофана но да се надеваме дека нема да имаат свој ден и нашиот тим ќе извојува лесна и убедлива победа.

Последните неколку сезони Милан секогаш тешко излегувал на крај со Удинезе но оваа сезона домаќините се во долниот дел на табелата и досега имаат само две победи па денес ќе мораме тоа да го искористиме и како голем тим да си заминеме со три бода од ова тешко гостување.
И покрај огромните проблеми со повредите самиот Гатузо изјави дека тимот нема алиби за лош резултат и ќе мора на овој меч да даде се од себе.
За очекување е на вакви мечеви своето искуство и својата класа да ги покаже Гонзало Игуаин па донекаде и Сусо, тие двајца се носители на овој тим и нормално е да имаме огромни очекувања од нив.
Се надеваме на лесни три бода вечер и нормално без некои нови повреди бидејќи тоа би било премногу.

Forza Milan e andiamo ragazzzzziiiiiiiiii!