Гатузо: Тешко гостување во Удине, среќен сум со освоените три бода!

by Daniel

На тешкото гостување во Удине, во натпревар со трилер завршница, екипата на Милан успеа да ја совлада екипата на Удинезе со резултат 0-1, благодарение на голот на капитенот Алесио Ромањоли во последните секунди од натпреварот. По натпреварот, тренерот Рино Гатузо говореше за тешкото гостување на Фриули, голот во последните секудни и состојбата на Игуаин.

 

Победата носи радост, но ако натпреварот завршеше 0-0 јас ќе бев среќен, бидејќи е навистина тешко да се игра против Удинезе, екипа која е втора физички најсилна екипа во првенството. Бевме солидни во второто полувреме, игравме подобро на технички план.

Алесио Ромањоли, Патрик Кутроне и Тиму Бакајоко во прослава по постигнатиот гол на Ромањоли на натпреварот Удинезе-Милан, 4 Ноември 2018

 

Бакајоко ни овозможи поинаква перспектива во средниот ред, ние најчесто почнуваме со креирање на нападите од позиција на Бакајоко, но денес наместо тоа, понудивме притисок. Среќен сум со исходот од натпреварот, не беше воопшто лесно да се игра на Дачиа Арена. Ова беше навистина тешко место за играње дури и кога бев играч.

Патрик Кутроне и Алесио Ромањоли во прослава пред Курва Суд по постигнувањето на голот на Ромањоли на натпреварот Удинезе-Милан, 4 ноември 2018

 

Се уште ни фали искра, нешто што беше евидентно при голот на Ромањоли. Ние имавме среќа, бидејќи во Сериа А реткост е да добиеш шанса да одиграш пет додавања во противничкиот шеснаесетник. Кога креираш шанси, мора да ги реализираш.

Пепе Реина, Патрик Кутроне и Алесио Ромањоли во прослава по постигнатиот гол на Ромањоли на натпреварот Удинезе-Милан, 4 ноември 2018

 

Очекувам повеќе од Кастиљехо, иако денес беше феноменален. Задоволен сум со тоа како тимот се држеше во текот на целиот натпревар, задоволен сум со тоа како беше креиран голот: тим кој не е физички подготвен немаше да го изведе тоа.

Саму Кастиљехо во дуел со Секо Фофана на натпреварот Удинезе-Милан, 4 ноември 2018

 

Конечно натпревар без примен гол? Среќен сум, одбраната и средниот ред одиграа добро денес. Навистина не е лесно да се игра против Лазања и Де Пол, нашата дефанзивна линија се движеше навистина добро, а Запата одлично го замени Мусакио.

Гонзало Игуаин по повредата го напушта теренот на натпреварот Удинезе-Милан, 4 ноември 2018

Игуаин? Мислев дека доби удар, но тој лошо згази и почувствува болка во грбот, нешто со кое имаше проблеми и во минатото. Докторите ќе ја евалуираат неговата ситуација, се надевам дека не е ништо сериозно, се надевам дека Чалханоглу и Калабрија ќе се опорават за наредниот натпревар.

 

 

You may also like

Leave a Comment