Во инфаркт завршница, момците на Рино Гатузо успеаа да ја совладаат екипата на Удинезе со резултат 0-1, благодарение на голот на капитенот Алесио Ромањоли во последните моменти од натпреварот. По мечот, Саму Кастиљехо и Кристијан Запата говореа пред камерите на МиланТВ, споделувајќи ги своите импресии.
САМУ КАСТИЉЕХО
Оваа победа е навистина важна за фановите и за тимот, со цел да се остане во зоната за пласман во Лигата на Шампионите. Одигравме фантастичен натпревар, јас секогаш сакам да го дадам максимумот кога сум на теренот бидејќи Милан го заслужува тоа. Се наоѓам во одличен клуб со одлични соиграчи.
Победувајќи два натпревари на ваков начин, со голови на капитенот, ни дава огромен морал на сите играчи. Се надеваме дека Игуаин ќе се опорави што поскоро, последната акција пред голот делуваше навистина луда, но важно е дека успеавме да постигнеме гол.
КРИСТИЈАН ЗАПАТА
Навистина сме среќни со резултатот, со одлучноста и решителнсота на овој тим: ние сме онаму каде што заслужуваме да бидеме. Сите вие видовте еден солиден Милан и конечно после подолго време успеавме да одиграме натпревар без примен гол. Удине е тешко гостување, натпреварот беше навистина тежок, па од таму оваа победа ни дава голем поттик. Сега треба да се одмориме, бидејќи имаме исклучително важен натпревар во четврток каде мора да освоиме поени во Шпанија, ако сакаме да го продолжиме нашето патување во Европа.