По низата позитивни резултати, вечерва на репертоар ни следи тежок натпревар со Аталанта, натпревар каде победа е најпосакуваниот исход но многу побитно е нашиот тим да не доживее пораз и со тоа да оддржи чекор со останатите тимови за топ4 пласман.
Аталанта е одличен тим кој досега има одлична сезона, Гасперини одлично се справува со сите оние играчи кои секоја сезона си заминуваат и успева да ги задржи во горниот дел на табелата притоа прикажувајќи одличен офанзивен фудбал.
Низата позитивни резултат на Аталанта трае веќе подолг период, имаат одличен учинок со “големите екипи” оваа сезона и тоа е уште еден доказ дека вечерва нема да поминеме лесно и ќе мораме да дадеме се од себе за да заминеме дома со позитивен резултат.
Најголема опасност за нашата одбрана и Џиџо Донарума покрај Гомез ќе доаѓа и од Дуван Запата, напаѓач кој е во одлична форма и на последните 12 натпревари има постигнато 18 голови.
Исто така вреди да се напомене дека Аталанта го има вториот најдобар напад во Италија, повеќе голови од нив има постигнато само Јувентус но тие имаат и еден натпревар повеќе.
Од друга страна и нашиот тим бележи низа на позитивни резултати, одлично играат новите засилувања и никој повеќе не зборува за Гонзало Игуаин.
Ова последното се должи само на една личност, тоа секако е Пјонтек, играч кој веднаш ги освои фановите ширум светот и играч кој на 4 натпревари со Милан има постигнато 4 голови.
Вреди да се напомене дека од овие 4 голови, 2 се против Наполи и 1 против Рома, показател кој доволно говори за неговите голгетерски способности и неговата умешност да му помогне на тимот и во дерби натпревари.
Одличен напредок бележи тимот на Гатузо во последните неколку месеци и затоа се уште сме на 4-тата позиција, а најголема заслуга за истото има одбраната, која од Декември па се досега има примено само 4 голови и е на делба на првото место со Барселона.
Играчите кои се најзаслужни за ова и за кои се надеваме дека ќе продолжат со исто темпо до крајот на сезоната се Џиџо, Ромањоли и секако Бакајоко.
Од составот на сликата погоре можеме да видиме дека ќе настапи истиот состав со кој ги започнуваме натпреварите во последно време, солидна и цврста одбрана, стабилна средина на чело со Бакајоко и потребната креативност од Пакета и напад за кој се надеваме дека ќе функционира перфектно на ваков тежок меч.
Очекуваме многу повеќе од Сусо и Чалханоглу и воедно се надеваме дека конечно ќе бидат на посакуваното ниво кое е потребно за овој меч.
Се надеваме на победа и заверување на четрвтото место! Forza Milan e andiamo ragazziiiiiii!!!!!!