Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Во можеби најважниот натпревар оваа сезона, во битка за тоа толку посакувано 4 место и пласман во Лигата на Шампионите, момците на Рино Гатузо конечно го покажаа своето вистинско лице и докажаа дека се сериозен конкурент за топ 4, победувајќи ја екипата на Аталанта во Бергамо со резултат 1-3, благодарение на двата гола на Кшиштоф Пјонтек и голот на Хакан Чалханоглу. Тренерот Рино Гатузо, по натпреварот даде интервју за медиумите, каде меѓу другото говореше за тимот и поединците.

 

Се соочивме со навистина одлична екипа. Можевме многу повеќе во првото полвуреме и бевме навистина среќни што успеавме да изедначиме пред крајот на полувремето. Сепак, во второто полувреме излеговме посилни, немавме потешкотии и покажавме одлична организација на теренот. Сезоната е долга, сега треба да се фокусираме на натпреварот во петок.

Кшиштоф Пјонтек во прослава по постигнување на гол на натпреварот Аталанта-Милан, 16.02.2019

 

Пјонтек? Тој е важен играч за нас, неговиот допринес не се само головите, туку и помош при креирањето на нападите. Тој е важен играч, исто како што е Кутроне, особено кога влезе од клупата за резерви. Генерално, не сакам да говорам за индивидуалци, туку за тимот како целина. Чалханоглу? Имаше многу работи во неговата прослава при постигнувањето на голот. Мојата прегратка е иста како и онаа со останатите играчи.

Хакан Чалханоглу во прослава по постигнување на гол на натпреварот Аталанта – Милан, 16.02.2019

 

Резултатите помагаат, тие носат ентузијазам. Го сакам чувството во Миланело, ја сакам позитивната атмосфера таму. Мора да продолжиме вака, да работиме напорно и смирено, да останеме на земја и да веруваме во она што го правиме.