Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

По кратката пауза нашите фудбалери повторно се враќаат во игра и овој пат против Сампдорија во купот на Италија, меч кој се игра денес во 18.00 часот со пренос на Спорт Клуб 2.
Денес не очекува тежок меч со Сампдорија, како увертира на тоа што следува во среда, каде играме со Јувентус во Супер Купот па остатокот од сезоната го почнуваме со повреда на клучен играч – Сусо.
Како да нема крај на лошата среќа која го следи Милан сезонава па покрај тоа што овој меч Сусо ќе го пропушти поради повреда, тој нема да настапи ни со Јувентус поради црвениот картон кој го доби со Спал.
Единственото добро нешто периодов во нашиот клуб е официјализирањето на Лукас Пакета, за кој се очекува денес против Сампдорија да го има првиот старт за својот нов клуб и веднаш да имаме прилика да видиме дел од неговите квалитети.

Сампдорија е секогаш незгоден противник за нас, доказ за тоа е последниот натпревар од сезонава каде имаше 2 пресврти и Милан едвај успеа да извојува победа па денес не очекуваме да биде нешто поразлично и доколку сакаме Милан да продолжи понатаму ќе треба да изиграме совршен натпревар.
Исто така за да го добиеме овој меч, нашата одбрана ќе мора да биде на ниво и уште од првата минута да се неутрализираат Кваљарела, Сапонара и Рамирез бидејќи добро памeтиме какви проблеми ни зададоа на последниот меч одигран на Сан Сиро сезонава.

На голот се очекува да стартува Реина, а покрај шпекулациите овие денови дека и Андреа Конти ќе почне од првата минута сепак Гатузо ќе му даде доверба на Абате и заедно со него во одбраната ќе играат уште Мусакио, Ромањоли и Родригез.

Во средината на теренот покрај стандардните Кеси и Бакајоко се очекува свое деби да има и Пакета, играчот кој долго време го чекавме, играчот кој со нетрпение чекаме да видиме што има да понуди и играч кој може да донесе нова димензија и креативност во нашиот тим.
Притисокот за него од јавноста е огромен па се надеваме дека успешно ќе се носи со тоа и ќе се покаже како полн погодок.

Нападот за овој натпревар повторно се соочува со мали проблеми но би требало да функционираме добро и без Сусо, на негово место а и на неговата природна позиција ќе стартува Саму Кастиљехо додека на спротивната страна се очекува да игра Чалханоглу.
За последен во нападот намерно го оставивме Игуаин поради огромните шпекулации за негово заминување уште во овој преоден рок, се чини дека зборовите на Леонардо од претходниот прес само додатно ги разгореа работите и сите информации велат дека Игуаин притиска за трансфер во Челзи.
Ние искрено се надеваме дека Игуаин ќе остане во Милан барем до крај на сезонава бидејќи е и повеќе од потребен во нашата борба за топ 4 и пласман во Лигата на Шампионите, а и продавање на напаѓач од таков калибар во зимски преоден рок, каде нема опции за носење на адекватна замена е многу нелогичен потег.

Денес се надеваме на супер деби на Пакета и сигурна победа против Сампа за додатна мотивација која ќе биде и повеќе од потребна против Јувентус во Супер Купот во среда!

Forza Milan e andiamo ragazziiiii!!!!!!!!!