Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Конечно викенд каде резултатите на ривалите за топ-4 се во наша полза па вечерва против Toрино нашиот тим ќе има додатен притисок за победа и потврдување на 4-тата позиција во Калчо лигата.
Вчера Лацио и Рома ремизираа со Сампа и Каљари па со победа се отвара нова шанса за нас да направиме додатна бодовна разлика во однос на нив, разлика која ќе ни дојде многу добро во периодот до зимската пауза бидејќи нашиот состав се уште се мачи со многу повредени играчи.

Денес на Сан Сиро ни доаѓа секогаш незгодниот Toрино, тим кој оваа сезона нема пораз на гостински терен и тим кој буквално секогаш е мотивиран кога игра против екипите од Милано.
Нашата десеткувана одбрана повторно ќе биде на сериозен тест бидејќи денес ќе се соочи со секогаш незгодните Белоти и Фалке, а нивна поддршка во нападот како и секогаш ќе бидат Базели и Ринкон, па се надеваме дека Абате и Запата ќе бидат на високо ниво и нема да им остават премногу простор на гостите за да се разиграат.

Во составот на Милан, по суспензијата се враќа и Гонзало Игуаин па за очекување е тренерот Гатузо да се врати на формацијата 4-4-2, каде во нападот заедно со Гонзало ќе биде и Кутроне.
Средината на теренот веќе некое време им припаѓа на Кеси и Бакајоко, а на крилните позиции се очекува покрај Сусо да настапи и Хакан Чалханоглу.
Најголемите проблеми за Милан повторно се во одбраната па покрај Запата и Абате како централни дефанзивци, на бековските позиции ќе настапат Родригез и Калабрија, а своите први минути повторно од клупа ќе ги чека Андреа Конти.
Според сите изјави ширум медиумите, Андреа Конти e спремен да изигра 15-20 минути и верувам дека сите со нетрпение го чекаме неговиот камбек бидејќи тој е играчот кој може да и даде некоја нова димензија на десната страна, а воедно и многу да му ја олесни работата на Сусо.

Вечерва на Сан Сиро ќе биде и новото засилување на Милан, Лукас Пакета, кој денес ќе ги помине медицинските прегледи и наскоро ќе почне да тренира со првиот тим.
Ни претстои тежок меч на Сан Сиро и по секоја цена мора да извојуваме победа за полека но сигурно да направиме бодовна разлика од конкурентите за Лигата на Шампионите.
Исто така со победа би биле и на -1 од Интер, кој е трет на табелата, па тоа треба да е додатен мотив за нашите фудбалери.

Forza Milan e andiamo ragaziiiiiiiiiiiiii!!!!!!!!!!!