Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Милан се наоѓа во една серија од добри резултати што го донесоа на толку посакуваното 4-то место. После поразот на Интер во дербито со Јувентус во Торино, победа на Милан над Торино на Сан Сиро ќе значи доближување на само еден бор од градскиот ривал Интер и зацврстување на 4-тата позиција. Додека пораз и нерешено може да значи паѓање некое место подолу. Самото тоа ни го дава значењето на овој натпревар и важноста на победата. Пред натпреварот утре, во 20.30 часот, Џенаро Гатузо зборуваше на прес-конференција во Миланело.

Правиме сѐ што можеме за да ги вклопиме заедно (Патрик Кутроне и Гонзало Игуаин). Треба да се обидеме да најдеме вистинска рамнотежа на теренот. Тоа не е само колку напаѓачи имаме имаме, туку колку се они спремни да му помогнат на тимот.

Овој тим се подобри благодарение на работата што ја правиме, со голема посветеност и внимание на деталите. Треба да покажеме силно чувство на припадност утре, ова е тајната на Милан. На исто ниво со Интер и Наполи? Само времето ќе покаже. Мораме да продолжиме да работиме, знаејќи дека сè уште не сме постигнале ништо. Ние се подобруваме во смисла на менталитет и како тим. Треба да продолжиме вака, да се обидеме да го намалиме јазот со врвните клубови, но веќе можеме да почувствуваме поинаква атмосфера со менаџментот што прави важни работи.

Игуаин е важен за нас. Треба да ги искористиме неговите квалитети. Пипита никогаш нема да биде проблем за нас, бидејќи тој е врвен играч. Тој само треба да се фокусира на помагање на тимот, без размислување, само постигнувајќи погодоци. Головите се последица.

 

Лукас Пакета утре ќе пристигне во Милано, тој ќе подлежи на физички тестови ќе биде официјално нашш играч во јануари. Доаѓа тука за да го посети градот во кој ќе живее, неговиот дом, но нема да зборувам за него додека не биде официјално играч на Милан.

И Матео Мусакио и Алесио Ромањоли продолжија да тренираат и ова е добар знак. Ќе видиме како работите одат следната недела.

Треба да прашате Леонардо, Малдини и Газидис за Ибра. Морам да се фокусирам на мојот тим, со Фабио Борини, чиј глуждот го мачи, и како да ги искористат квалитетите на сите мои напаѓачи. Остатокот е должност на раководството.

Јас сум задоволен со Тимуе Бакајоко. Тој е физички подготвен и се движи добро на теренот. Добро игра сега, но мора да продолжи да се подобрува. Вие сите знаете што мислам за Чалханоглу, тој може многу подобро, тој е играч со одличен удар и интелигенција. Јас би сакал да играм во тројца во одбрана утре. Имаме неколку идеи и ќе пробаме неколку различни решенија на тренингот денес.

Јас не размислувам за поминување на Интер на трето место, целосно сум фокусиран на утрешниот натпревар. Интер се силни и го покажуваат тоа во Лигата на шампионите. Одржувањето со нив може да биде дополнителен поттик за нас, но како што реков, јас сум само фокусиран на подобрување на мојот тим и завршување на едно од првите четири места.