Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

По лошото издание против Дуделанж, во рамките на Лигата на Европа, екипата на Милан прикажа солидна игра и успеа да ги освои сите три бода против екипата на Парма. Легендарниот капитен на Милан, а сега и дел од раководството на клубот, Паоло Малдини, по натпреварот говореше за МиланТВ, каде дискутираше за самиот натпревар, клубската структура, како и животот во новата улога.

 

НАТПРЕВАРОТ

 

Тимот одигра навистина добар натпревар, против еден незгоден противник. Бевме трпеливи, игравме балансирано и реагиравме одма по примениот гол. Оние кои играа помалку оваа сезона одиграа навистина добро. Тајната на успехот е групата, а Рино Гатузо е најважната алка во оваа група.

Рино Гатузо, Леонардо и Паоло Малдини за време на тренинг во тренинг центарот Миланело

КЛУБОТ

 

Иван Газидис е одлично засилување за овој клуб. Извршниот директор сака да ги знае сите работи и да се запознае со сите. Во исто време, ќе работиме заедно и на спортскиот аспект. Рино и јас се знаеме од многу одамна, но овој пат имаме различни улоги.

Паоло Скарони, Леонардо и Паоло Малдини на трибините на Сан Сиро на натпреварот Милан-Парма, 2 декември 2018

 

ИЗДАНИЕТО НА ТИМОТ

 

Има огромна разлика помеѓу денешното издание на тимот и она во четвртокот против Дуделанж, каде не игравме добро иако успеавме да победиме. Имаше многу добри моменти во натпреварот против Парма. Бакајоко, на пример, делува како препороден. Ние најверојатно малку избрзавме со заклучоците за неговата игра, тој веќе прикажува добри игри, веќе се чувствува како дел од тимот и дел од овој проект. Ние во него гледаме навистина квалитетно и силно засилување.

 

ЖИВОТОТ СО НОВАТА УЛОГА

 

Она што најмногу ми се допаѓа е работата на терен, раководењето со трансфер пазарот и работата со играчите. Не сум човек што сака административна работа, но сум спремен да учам. Имам можност да работам со Леонардо, па се обидувам да научам од него.

Леонардо и Паоло Малдини за време на тренинг на тренинг центарот Миланело