Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Милан продолжува со побеничката серија, а овој пат на мета беше екипата на Парма. Повторно, како и во четвртокот, момците на Рино Гатузо дозволија да примат гол, па потоа да го свртат резултатот и да ги освојат трите бода, благодарение на головите на Патрик Кутроне и Франк Кеси. Како и после секој натпревар, така и после овој, Рино Гатузо говореше пред медиумите за самиот натпревар, за тимот како и за индивидуалците. Освен тренерот, пред медиумите говореа и Бакајоко и Борини.

 

ЏЕНАРО ГАТУЗО

 

Тие успеаа да постигнат гол по својот прв удар, но тоа е дел од фудбалот. Ние треба да продолжиме вака и да работиме напорно. Ова беше претпазлива победа бидејќи игравме против екипа која може да ви создаде главоболка во секој момент од натпреварот. Одлично одговоривме на нивните контри и успеавме да ги блокираме сите нивни обиди. Момците се движеа одлично, иако немавме доволно луѓе во противничкиот шеснаесетник при нашите напади.

Играчите на Милан во прослава по голот на Франк Кеси на натпреварот Милан-Парма, 2 декември 2018

Овој тим е фантастичен, момците секогаш покажуваат желба, страст и одлучност, тие го даваат својот максимум. Би сакал да му честитам на Абате за неговата игра, да му се заблагодарам што се жртвува и е секогаш достапен за тимот.

Патрик Кутроне во дуел со противничкиот играч на натпреварот Милан-Парма, 2 декември 2018

Бакајоко? Она што ме изненадува најмногу е неговото одлично тактичко позиционирање. Сите ние бевме свесни за неговите физички квалитети. Навистина сум задоволен од тоа како тој ги слуша моите замисли и идеи. Денес тој играше постојано на прв допир и тоа е навистина важно, ние сме навистина изненадени од неговата игра и тој мора да продолжи со напорната работа.

ТИМУ БАКАЈОКО

 

Ова беше добар натпревар. Прикажавме квалитетна игра и покажавме одличен интензитет. Ова беше заслужена победа каде сите играчи придонесоа да ги освоиме трите бода. Јас сум навистина задоволен, изминативе неколку месеци не беа воопшто лесни, но сега работите се движат во позитивен правец. Потребна ни е целата поддршка од фановите за да продолжиме да победуваме.

 

Тиму Бакајоко во дуел со противнички играч на натпреварот Милан-Парма, 2 декември 2018

ФАБИО БОРИНИ

 

Ова беше навистина важна победа за нашиот морал и за континуитет на нашите изданија. Иако игаме секои три дена, успеавме да се вратиме од негатива и да ја контролираме играта. Имаме енергија, желба за победа и играме со напаѓачки менталитет. Успеавме веднаш да постигнеме израмнувачки гол и продолживме да притискаме, иако не успеавме да реализираме неколку контра напади.  Јас работам на себе, да се прилагодам на различните улоги. Бакајоко е навистина силен играч, тој никогаш немаше проблем, туку имаше потреба од време за да се прилагоди и да ги покаже своите квалитети.

Фабио Борини во дуел со противнички играч на натпреварот Милан-Парма, 2 декември 2018