Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Како по некое правило, кога конкурентите на Милан испуштаат бодови, Милан не успева да го искористи тоа и да се доближи до нив. Момците на Рино Гатузо одиграа реми без голови против екипата на Торино, неискористувајќи многу шанси за победа и доближување до градскиот ривал Интер на третата позиција. По натпреварот, Рино Гатузо говореше пред медиумите, а Џиџо Донарума даде свое видување пред камерите на МиланТВ.

 

ЏЕНАРО ГАТУЗО

 

Задоволен сум од изданието на моите играчи, тие дадоа се од себе. Џиџо Донарума беше фантастичен во првото полувреме, имаше одлична одбрана, а ние бевме навистина среќни при промашувањето на Белоти. Сите очи беа вперени во нас, поради киксовите на конкурентите делуваше како ние веќе да сме ги освоиле трите бода, но за жал Торино беа навистина тежок противник. Одбраната? Мора да продолжиме вака. Нормално, секогаш можеме многу подобро, но ова што го прикажуваме сега е навистина добро.

Џенаро Гатузо за време на натпреварот Милан-Торино, 9 декември 2018

Кастиљехо и Чалханоглу се различен тип на играчи. Саму е повеќе подвижен, повеќе брз и сум задоволен со тоа како одигра денес. Хакан го стори она што требаше да го стори, јас знам дека тој може да биде од голема помош на овој тим. Џиџо одигра добро, како и останатите играчи. Торино се навистина незгодна екипа, нивните резултати на гостински терен го говорат тоа. Игуаин? Мора да го земеме во обзир фактот дека тој почна со тренинзи пред два дена и игра со болки. Гонзало одигра делумно добро денес, она што недостасуваше е голот.

 

ЏИЏО ДОНАРУМА

 

Чашата е полупразна, факт е дека можевме многу подобро. Треба да се фокусираме на наредните натпревари. Одбраната? Беше навистина незгоден удар на Иаго Фалке, не знам дали ова е мојата најдобра одбрана до сега. Играме солидно во одбраната, го пронајдовме нашиот ритам. Би сакал да му честитам на Абате кој добро се снаоѓа во новата улога. Сега ни е потребна одлична игра во Лига на Европа, каде не очекува пеколна атмосфера.

Џиџо Донарума за време на натпреварот Милан-Торино, 9 декември 2018