Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Момците на Рино Гатузо не успеаа да ги искористат киксовите на конкурентите и одиграа реми без голови против екипата на Торино. По натпреварот, спортскиот директор на Милан, Леонардо, говореше пред камерите на МиланТВ, каде даде свое видување за самиот натпревар, трансфер пазарот како и за новото засилување Лукас Пакета.

 

Задволни сме со нашата позиција на табелата, иако мора да имаме поголеми амбиции. Сепак, да не заборавиме од каде дојдовме тука. Милан има потреба од време за да расте и се подобрува, сето тоа ќе одземе повеќе време од тоа што сме навикнати. Против Торино одигравме просечно, можевме и да ги освоиме сите три бода иако имавме тежок старт на натпреварот. Имаме многу повредени играчи во одбраната, но за наша среќа видовме дека Игнацио Абате одлично се снаѓа на штоперската позиција и тоа се добри вести.

Сусо за време на натпреварот Милан-Торино, 9 декември 2018

 

Лига Европа? Важно е да се пласираме во елиминационата фаза и да продолжиме да играме во Европа. Пакета? Кога Кака дојде тука, Милан штотуку ја освои Лига на Шампиони. Ова се поинакви времиња, но тоа не значи дека Пакета не може да ги покаже своите квалитетни. Тој може да игра на повеќе позиции, па така ќе биде од голема помош на овој тим. Ние мора да ги искористиме неговите квалитети. Донарума имаше две брилијантни одбрани и успеа да го задржи резултатот непроменет. Со шансата на Кутроне, можевме дури и да ги освоиме сите три бода, ќе беше тесна победа но и заслужена.

Патрик Кутроне по промашената шанса во последните моменти од натпреварот Милан-Торино, 9 декември 2018

 

Мислам дека овој тим со сите играчи на располагање ја има потребната длабочина. За жал, Биглиа ќе биде надвор од тренинг процесот подолго време, па поради ова мислам дека ќе успееме да донесеме играч од средниот ред, како и напаѓач. Ибра? Тој нема да дојде. Размислувавме за опцијата да го донесеме во Милан, тој ќе беше од голема помош за овој тим.

Златан Ибрахимовиќ во црвено-црниот дрес на Милан за време на натпреварот Милан-Џенова, 25 април 2012