Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Започна јануарскиот трансфер период, а со тоа започнаа и многубројните шпекулации поврзани со играчите на Милан. Според англискиот весник The Sun, Челзи се сериозно заинтересирани да го доведат во своите редови напаѓачот на Милан, Гонзало Игуаин. На таа тема, како и на многу други, за MilanNewsIT говореше тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, а ние во продолжение ќе ви пренесеме дел од неговата изјава.

 

ЗА ИГУАИН

Ако Гонзало не тренираше на оној начин како што јас барам, тогаш немаше да го земам во тимот за мечот против Сампдорија.  Има многу шпекулации за него во моментов, но гледајќи го него како тренира, енергијата која ја вложува и неговиот професионализам, можам слободно да заклучам дека не изгледа како играч што сака да си замине. Се надевам дека Игуаин ќе остане во овој тим, но ако тоа не се случи, ќе ги разгледаме нашите опции. Се додека е тука и се однесува со ова ниво на професионалзиам, нема да претставува никаков проблем за мене.

Џенаро Гатузо и Гонзало Игуаин во прегратка на натпреварот Милан-СПАЛ, 30 декември 2018

 

ЗА ПАКЕТА

Тој е паметен играч, со навистина интересни карактеристики. Мене лично повеќе ми личи на европски, отколку на бразилски играч, бидејќи комбинира квалитет со физичка игра, постојано додава и секогаш ја сака топката кај себе. Можам да заклучам дека станува збор за огромно засилување.

Лукас Пакета на својата официјална презентација во црвено-црниот дрес, 8 јануари 2019

 

ЗА ПОВРЕДИТЕ

Со Сусо, проблемот е оној исти кој го мачи со месеци. Тој веќе играше со болка на натпреварот против СПАЛ, но сега не е во можност да го стори истото против Сампдорија. Калдара и Биглиа имаат напредок, нивното опоравување се одвива во најдобар ред и мислам дека ќе ни бидат на располагање за 25-30 дена.

Лукас Биглиа на натпреварот Милан – Беневенто на Сан Сиро, 21 април 2018

Сите забораваат низ што се помина Конти. Во една година, тој имаше две сериозни операции. Андреа треба да биде навистина среќен како 2018 година заврши за него, а јас мора да му дадам континуитет, да почне да игра натпревари.

Андреа Конти на тренинг во тренинг центарот Миланело, 2019