Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Милан денес и официјлано го објави трансферот на Лукас Толентино Коељо де Лима (Пакета) од бразилскиот клуб Фламенго. Пакета е играч за врска кој потпиша петгодишен договор со Милан со важност до јуни 2023 година.

Лукас Пакета е роден на 27 август 1997 година во Рио де Жанеиро, а неговата кариера ја започнал во младинските категории на Фламенго. За првиот тим дебитирал во мај 2017 година во бразилската Серие А против Атлетико Паранаенсе. Забележал 65 настапи и постигнал 13 гола, а со негова помош Фламенго го освои првенството во 2017 година. Пакета има и два настапи за бразилската репрезентација и тоа во септември 2018 на пријателските натпревари против САД и Ел Салвадор.

Новото засилување на Милан ќе му се приклучи на тимот во Миланело на 7 јануари, за кога е закаано продолжението на тренинзите на првиот тим. Прес конференцијата за официјалното претставување на Лукас Пакета е закажана за 8 јануари од 15:00 часот во Каса Милан. Покрај пресот, клубот ќе го искористи пристигнувањето на Пакета за претставување на новата верзија на веб страната, како и нов твитер акаунт на португалски јазик.

Добредојде Пакета!