Двете последователни победи на Милан на Сан Сиро против тимовите од Џенова, Сампдорија и Џеноа, ги донесоа црвено-црните на 4-тото место кое води во Лигата на шампионите, на само 4 бода од Наполи и Интер, а 10 од првопласираниот Јувентус. Следува гостински натпревар на Дачија Арена против Удинезе и победа би значела дополнителна самодоверба на момците пред дербито со Јувентус следната недела. Џенаро Гатузо зборуваше со новинарите пред натпреварот.
Ќе биде незгодна утакмица, јас секогаш сум имал проблеми на тој стадион. Не сакам да слушнам за повредите, Удинезе утре ќе игра агресивен натпревар и ќе мораме ние храбро да играме. Мораме да бидеме подготвени.
Мораме да играме како тим, и покрај отсуствата на некои од играчите, ние вложуваме толку многу напори за да стигнеме до местото што води во Лигата на Шампионите, сега се надевам дека ќе останеме таму. Тимот тренира добро, јасно е дека победувањето помага да се работи подобро. Се уште има малку замор, некои играчи сеуште не се опоравиле ментално, се надевам дека ќе видам нешто различно утре.
Чалханоглу и Кеси не беа целосно подготвени против Џеноа. Биглиа нема да тренира до понеделник, има повреда на ногата, како и Калдара. Калабриа се обиде да тренира, но сепак има некои проблеми при промена на насоката на теренот, Џек, од друга страна, се подобрува.
Рикардо никогаш не бил надвор од тимот, тој секогаш тренира со нас. Денес е повикан бидејќи има толку многу играчи што се повредени. Јас не го исклучувам никој, ги правам само изборите што мислам дека се најдобри за тимот.
Ми се допаѓа фактот дека овој тим има голема желба да успее, сите се посветени, нивното залагање и тренирање во Миланело сведочи за тоа. Ова е вистинскиот дух.
Конти е надвор околу 15 месеци од својата прва повреда, тој вчера играше мудро со младинскиот тим. Тренинг и играње на утакмица се две различни работи, сега тој мора да се обиде да најде континуитет и да се обиде да одигра цели 90 минути. Играњето со младинскиот тим е важно, помага да се надмине стравот. Тој е многу силен играч и ние треба да му помогнеме повторно да се вклопи, може да биде од голема корист за нас.
Бертолачи не играше многу, но тоа беше мој избор да го натерам да остане во клубот. Играше неколку натпревари, тоа е моја одговорност, но Бертолачи е посветен и секогаш е подготвен. Знам дека можам да сметам на него.
Се надевам дека девојќите против Јувентус ќе не направат среќни. Имам добри односи со Каролина, знае многу за фудбалот. Ми се допаѓа како таа управува со својот тим и се надеваме дека ќе победат утре.