Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Во натпревар со трилер завршница, момците на Рино Гатузо успеаа да ја забележат втората победа во низа против екипата на Џенова, благодарение на помалку чудниот гол на капитенот на Милан, Алесио Ромањоли. Тој, како и неговиот соиграч Франк Кеси, говореа пред новинарите по завршувањето на натпреварот, каде ги пренесоа своите впечатоци од овој навистина луд натпревар.

АЛЕСИО РОМАЊОЛИ

Ја заслуживме оваа победа, игравме навистина добро. Навистина ми е жал поради автоголот, беше една несреќна ситуација, но на крај се извадив за мојата грешка. Дали се обидов да шутирам или да нафрлам? Шутирав. Според мене, ние трпиме премногу критики.

Матео Мусакио, Алесио Ромањоли и Рикардо Родригез во прегратка по последниот свиреж на судијата, на натпреварот Милан-Џенова, 31 октомври 2018

Резултатите се тоа што се брои на крајот од денот, а ние успеавме да добиеме уште еден натпревар. Мора да се подобриме и да се бориме да останеме близу врвот. Калдара и Биглиа се повредени, а на Матиа му посакувам брзо опоравување бидејќи станува збор за лоша повреда. Се надеваме дека ќе се опорави наскоро.

 

ФРАНК КЕСИ

Сите ние ја посакувавме оваа победа и на крај успеавме да ја постигнеме. На теренот, јас го правам она што тренерот го бара од мене, јас го правам тоа за доброто на тимот. Состојбата на табелата? Има уште многу натпревари за играње, треба да останеме фокусирани. Од утре, ќе се фокусираме на Удинезе.

Франк Кеси за време на натпреварот Милан-Џенова, 31 октомври 2018