Екипата на Милан успеа да ја забележи својата втора победа во низа, победувајќи го тимот на Џенова со резултат 2-1, благодарение на помалку чудниот гол на капитенот Алесио Ромањоли во последните мигови од натпреварот. По натпреварот, тренерот Рино Гатузо даде кратка изјава за Скај и МиланТВ, а во продолжение ќе ви пренесеме дел од неговите зборови.
Започнавме добро, а потоа почнавме да правиме грешки, да ја губиме концентрацијата. Ние креиравме многу шанси, но повторно примивме гол, навистна чуден гол. Џиџо имаше добар натпревар и една чудесна одбрана кон крајот на натпреварот. Задоволен сум со 18 поени до сега, но сум загрижен за начинот на кој играме, како се соочуваме со противниците, имаме премногу подеми и падови и има се уште простор за напредок и напорна работа.
Денес се одлучив за формација со тројца играчи во одбраната бидејќи сакав да имаме поголем посед на топката во средината од теренот, од таму може да се примети дека се однесувавме поинако кога ја имавме топката во свој посед. Критиките? Јас сум таков, на секој тренинг со свирчето во рака, се соочувам со луѓето. Некои може да ме сакаат, а некои не, нема да бидам ниту првиот ниту последниот кој имал моменти на потешкотии во својата кариера. Не сум воопшто смирен, ние се уште немаме ништо постигнато.
Мора да останеме на оваа позиција, ние сме свесни за нашата жртва за да дојдеме до тука, свесни сме дека ни е потребен одмор. Треба да се одмориме и да си ја вратиме енергијата бидејќи момците се трошат многу на физички и психички план. Бакајоко одигра добар натпревар. Развивме добра игра со топката на почетокот на натпреварот, а потоа се уплашивме и не успевавме да ја креираме играта како што посакувавме. Потребно е да работиме напорно и да се подобриме.