Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Конечно по победата над Сампдорија нашиот тим ќе го одигра заостанатиот натпревар со Џенова и ќе се обиде да се приклучи во друштвото на топ 4 екипите во најквалитетната лига во Италија.
Мачна и тешко извојувана победа на домашен терен во неделата против секогаш незгодната Сампа но огромен мотив за играчите да продолжат во исто темпо и да се приближат до својата зацртана цел оваа сезона.

Промената на формацијата од 4-3-3 во 4-4-2 конечно вроди со плод и сега за сега, тренерот Гатузо, и покрај многуте шпекулации за негова смена ќе остане како тренер на Милан.
За овој меч со Џенова се очекува повторно да настапиме во формација 4-4-2 и уште од самиот старт да атакуваме на 3 бода но во првиот состав се очекуваат неколку промени поради низа на ситни повреди кои се случија во изминатиов период.
Покрај тоа што на мечот со Сампа се повреди Калабрија и ќе паузира извесен период, на ситна повреда се има пожалено и Кеси па неговото место во првиот тим се очекува да го заземе Бакајоко, за кого сите се надеваме дека конечно ќе покаже дел од својот талент како кога настапуваше за Монако.
Исто така во составот покрај Џек Бонавентура, кој има ситна повреда, во наредните 2-3 месеци нема да можеме да сметаме и на Матија Калдара.

Па така во одбраната на местото на Калабрија се очекува да стартува Абате бидејќи Конти се уште не е фит за да започне меч од самиот почеток, а уште една дилема со која се соочува тренерот Гатузо е левата крилна позиција, имено таму нашиот тренер се двоуми помеѓу Лаксалт и Саму Кастиљехо.
Лаксалт немаше сјаен натпревар со Сампа, промаши и една 100% шанса па можеби најдобро е да му се даде шанса на шпанецот да ги покаже квалитетите уште од самиот почеток.

Но и покрај сите проблеми, повреди и лоши игри на овој натпревар мора да се одигра рутинирано, самоуверено и цврсто за да можат да се освојат 3 бода.
Џенова е незгоден противник, во нивниот тим игра најдобриот стрелец во Калчото –  Пиатек па доколку нашиот тим сака конечно да го скрши малерот и да ја зачува својата мрежа тогаш ќе мора да се игра без грешка 90 минути.
Цел плен од овој меч не носи на делба на 4-тата позиција заедно со Лацио и сигурно ќе биде дополнителен мотив за нашите момци да продолжат во исто темпо се до јануарскиот преоден рок каде сите очекуваме Леонардо и Малдини додатно да го засилат овој тим и да му помогнат во борбата за Лигата на Шампионите.

Forza Milan e andiamo ragazzi!!!