Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Досегашниот период од зимскиот трансфер период помина во знакот на бројни шпекулации со имиња на можни засилувања, но се чини дека едно е сигурно: Гонзало Игуаин ќе го напушти Милан и ќе се приклучи на Челзи, а од Џеноа би требало да пристигне младиот и перспективен полски напаѓач, Кшиштоф Пјонтек. Токму во првото коло од втората полусезона, Милан ѝ гостува на Џеноа. Победа против секогаш незгодните Ил Грифоне може да значи враќање на толку посакуваното 4-то место кое води во Лигата на Шампионите. И секако, добар почекот на 2019-та година и самодоверба за понатаму. Во Миланело, Џенаро Гатузо зборуваше со новинарите на прес-конференција.

Играчите на Џеноа трчаат многу и на некој начин ја диктираат и противничката игра. Мора да се осигураме дека ќе останеме во натпреварот и нема да се изгубиме по нашата прва грешка, бидејќи квалитетот секогаш доаѓа на крајот. Сакам да го видам истиот Милан од првите седум или осум натпревари, кога го игравме може најдобиот фудбал во  Италија, а голманите правеа чуда за да нè спречат да победуваме. Ние мора да ја откриеме таа искра и да правиме што помалку поединечни грешки.

Денешниот тренинг не беше најдобр, тимот е нервозен. Сакам играчи кои се подготвени за војна, не смееме да губиме време и енергија ако сакаме да ја оствариме нашата цел. Мора да се подобриме многу ментално. Одредени ситуации не помогнаа и треба да се смириме. Мора да се ослободиме од оваа загриженост. На овој тим му треба ентузијазам, а јас мора да размислувам како да го селектирам најдобриот можен тим, исто така земајќи ги предвид нашите отсутни. Бидејќи во физичка смисла, ние како екипа сме во лоша форма.

Треба да играме како во Суперкупот на Италија, покажувајќи ја истата желба и дух. Исто така, мора да покажеме конзистентност и да не одиме чекор назад. Тимот направи се за да постигне гол, а тоа беше она што сакав од нив. Во Џеда се однесував како аматер. Направив грешка затоа што бев лут и можеби заслужив да бидам суспендиран. Беше погрешно и се извинувам. Требаше да имам повеќе почит и да не кажувам се што мислам. Ќе кажам само едно: ако го имаме ВАР, тогаш треба да го користиме. Главниот и линискиот судија се луѓе и може да направат грешки, но технологијата треба да се користи.

Чалханоглу може да игра како мецала, ни дава одличен квалитет и е во состојба да ја контролира топката добро, но мора да се подобри во нападот во просторот околу шеснаесетникот. Што се однесува до Игуаин, ништо не е решено. Леонардо ќе зборува за тоа. Тој не беше подготвен да игра. Ако замине Игуаин, тогаш ќе загубиме важен играч. Јас лично не сум разочаран бидејќи направив се. Двајцата добро работевме заедно и можевме да направиме повеќе за тимот. Тој направи избор и ние мора да го прифатиме тоа, но почитта ќе остане. Пјонтек има прецизни квалитети, но ќе разговараме за нив ако и кога ќе ни се придружи. Биглиа е на вистински пат кога станува збор за опоравувањето. Тој продолжи со базични тренинзи и ќе се врати во тимот за две недели. Сусо исто така тренира после Суперкупот, достапен е, но не е целосно подготвен. Калабрија и Абате се вклопуваат, додека Конти сè уште не може да игра 90 минути. Сепак, ова е нормално со оглед на она низ што тој поминуваше.

Не очекувам подароци. Ние потпишавме важен играч како Пакета и плативме многу за него. Во принцип, мораме да ги почитуваме ограничувањата и да ги следиме насоките за клубот. Ќе видиме што можеме да направиме. Исто така можеме да останеме како што сме сега. Има многу тимови кои се борат за место на Лигата на Шампионите, мораме да растеме и да не се откажуваме. Не можеме да седнеме и да бидеме задоволни.