Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

По тешкото гостување против екипата на Сампдорија во рамките на Купот на Италија, тимот на Рино Гатузо се соочи со нов предизвик, овој пат со градскиот ривал на Сампдорија, екипата на Џенова. Во натпревар од огромно значење, покрај големиот број суспендирани и повредени играчи, покрај суспензијата на тренерот Рино Гатузо, Милан успеа да победи со резултат 0-2, благодарение на головите на Фабио Борини и Сусо. По натпреварот, свое видување за настаните на теренот даде стрелецот на првиот гол, Борини, а во продолжение ви пренесуваме дел од неговата изјава.

 

Ова беше тешко извојувана победа. Имавме потешкотии во првото полувреме, но тоа е сосема нормално кога играте во Џенова. Покрај тоа, останавме цврсти и игравме како тим. За да обезбедиме пласман во Лигата на Шампионите, мора да се победуваат вакви натпревари. Мојата цел? Јас сум среќен што му помогнав на тимот да ги освои трите бода. Џиџо? Според мене, тој е најдобриот голман во Италија, тој ја претставува сегашноста и иднината на Милан.

Фабио Борини при постигнување на својот гол првенец сезонава на натпреварот Џенова-Милан, 21.01.2019

Пакета? Бев воодушевен од него, како на технички така и на физички план. Тој сака да ги покаже своите вештини, но истовремено е и многу интелигентен. Наполи? Свесни сме дека треба да одиграме на истото ниво како на натпреварот во Неапол, секако, отстранувајќи ги грешките што ги направивме во тој натпревар. Тоа ќе биде сосема различен натпревар, но се надеваме дека ќе успееме да ги освоиме трите бода.