Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Претходното коло Милан ремизираше со Торино и пропушти златна шанса да се доближи до градскиот ривал Интер на само еден бод. Сепак тоа не влијаеше на генералниот пласман и црвено-црните останаа на четвртото место. Денес на програмата е гостување во Болоња на Ренато Далара и после поразот на Лацио од Аталанта, повторно можност, овојат да се зацврсти на посакуваната 4-та позиција во Серија А. Момците на Гатузо сигурно ќе сакаат што побрзо да го заборават оно срамен пораз од Олимпијакос и елиминацијата од Лига Европа и ова е одлична можност за тоа. Пред натпреварот, тренерот Гатузо зборуваше на прес-конференција.

Мораме да вратиме на победничките патеки со Болоња, тоа ќе биде клучен натпревар и ќе служи како еден вид показател колку добро играме и реагираме под притисок. За мене и Инзаги е голем влогот и тоа е дел од работата, но нашето пријателство и заемно почитување ќе останат секогаш.

Сакам да го видам истиот пристап како во Атина, но без поединечни грешки. Го „продадовме“ натпреварот и не бевме концентрирани во некои ситуации. Го имавме натпреварот во рака. Кога нема решителност и лутина, ќе ни се случува тоа. Ние ја преземаме целосната одговорност за резултатот, тоа е тоа и мора да остане како лузна на нас. Јас сум првиот виновен. Направивме будали од себе, но квалификацијата беше под знак прашалник уште пред Атина, правејќи неколку грешки. Дел од играчите беа во солзи во соблекувалната, тоа е демонстрација дека овие момци имат чувство на припадност.

Моите играчи заслужуваат почит, продолжувам да слушам шпекулации за  играчи што ќе доаѓаат и ќе си одат, но ние мора многу да се подобриме. Мојот персонал и јас го сфативме тоа, но не можам да побарам повеќе, како на човечкото, така и на професионалното ниво на тимот. Сè уште имаме 3-4 натпревари пред крајот на годината и нема простор за грешка. Ни треба повеќе континуитет и поголема решителност.

Морам да бидам внимателен со Романоли и Мусакио, нема брзање, не сакам да ризикувам повторување на повредата на Алесио, ќе видиме дали ќе игра против Болоња. Дури и Мусакио имаше значителна повреда. Конти е подготвен, до мене кога ќе го ставам во игра. Разговарав со Игуаин, тој е првиот кој е разочаран од оваа ситуација, ни требаат голови, но пред се, ни е потребено неговото искуство, тој мора да биде додатна мотивација за неговите соиграчи. Игуаин може да направи многу повеќе. Чалханоглу може многу да придонесе, ќе видиме дали утре ќе паузира. Кастиљехо игра добро, Бакајоко е играч кој игра секаде, може да игра како внатрешен играч од средниот ред или како дефанзивен играч од средниот ред, добро е подготвен на физичко и тактичко ниво.

Знам дека имаме ограничувања во овој  момент, но многу други работи што ги слушам и читам за неколку наши играчи, немаат смисла за мене. Никогаш не зборував со Ибра. Знаев дека има шанса, но исто така знаев дека ќе биде многу тешко. Ги тренирам играчите што ги имам на располагање, клубот ги познава профилите на играчите кои би можеле да бидат функционални за нас.