[et_pb_section bb_built=”1″ admin_label=”section”][et_pb_row admin_label=”row”][et_pb_column type=”4_4″][et_pb_post_title admin_label=”Post Title” title=”off” categories=”off” comments=”off” featured_image=”off” custom_margin=”-85px||-5px|” custom_padding=”|||” /][et_pb_text admin_label=”Text”]
Милан синоќа ја победи Болоња и конечно ја прекина негативната серија резултати. По три натпревари без победа во Калчото, од кои два исклучително разочарувачки, Гатузо стигна до првиот успех на клупата на Милан. Неговата одлука да ја промени формацијата со тројца стопери, во стандардна четворочлена, беше клучна за промената на перформансот на екипата. Со оглед на суспензијата на Ромањоли, очекувано беше партнерството Бонучи-Мусакио. Во средината по подолго време се најде Бонавентура, Монтоливо ја доби плејмејкерската позиција, а Борини и Сусо на крила како поддршка за Калиниќ.
Натпреварот започна отворено, Милан исклучително офанзивен. Се почувствува набој на желба и мотивираност, кој во првиот бран траеше добри 20 минути. Во тој период, поточно во 10-тата минута Бонавентура налета на смирена топка со глава на Калиниќ, шутираше по средина, но топката малку го промени правецот од Гонзалес и го изненади Миранте. Многу наскоро и Борини имаше шанса по уфрлувањето на Кеси. До крајот на убавиот и супер интересен дел уште еден пробив на Сусо од десно, топка наменета за Калиниќ на 5 метри, но во последен момент интервенираше Гонзалес.

Следуваше студен туш кога милановото дете Верди погоди со шут “од колено”, по убавиот пробив и асистенција на уште еден наш поранешен играч, Матиа Дестро. На голот на Болоња му претходеше уште една одлична шанса по уфрлување на Дестро, но Монтоливо тогаш спаси сигурен гол со неверојатен лизгачки блок. До крајот на полувремето Милан продолжи да диктира и да биде далеку поопасен од противникот, но фалеше завршница. Кеси имаше можност своето енергично полувреме да го круниса со гол, но шутираше млако. А Бонучи по којзнае кој пат оваа сезона е на неколку сантриметри од целта – синоќа одново биеше со глава само малку над пречката.
Перфектната дефанзивна партија, Монтоливо ја дополни и со клучен старт на почетокот на второто полувреме кога не му дозволи на Наѓ да шутира од 10тина метри и отворен простор кон голот на Џиџо. Сепак, наградата за играч на натпреварот без сомнежи отиде кај Џек Бонавентура откако на 15 минути до крајот, на асистенција на Борини, овојпат со глава, повторно го совлада Миранте. До крајот не мечот, да се зачува новото водство не беше воопшто едноставна работа. Неколку прилики за Болоња во краток интервал, но Донарума секогаш на вистинско место и во права форма.
Натпреварот не беше лесен, ниту однапред добиен. Напротив, се повторуваа дел од стандардните грешки, екипата сеуште делува невоиграно, а самодовербата не беше на бараното ниво, особено кога Милан одлучи да го брани водството. Но сепак, синоќа видовме знаци на подобрување, најмногу во делот на мотивираноста и градењето на акциите во напад, па и полуконтрите. Да не беа двата гола на Џек, изборот за најдобар на натпреварот ќе беше предмет на расправа, затоа што Борини имаше партија за паметење, Монтоливо беше клучен во неколку наврати, а и Џиџо спасуваше победа на крајот.

Победата беше исклучително важна и неопходна, најмногу заради самодовербата и заради Гатузо. Емотивен како и секогаш, заедно со играчите уште на терен (под снегот) го прослави првиот триумф како тренер на Милан. Сега тоа треба да го продолжи и тоа на двапати против ист противник. Најпрво во среда на Сан Сиро во Купот на Италија против Верона, а во недела на гости, на Бентегоди во првенството. Две нови врзани побди и ентузиазмот ќе биде меѓу нас, бидете убедени.
Forza Milan!
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]