Извршниот директор на Милан, Марко Фасоне на повеќе наврати напомена дека УЕФА има барања кои се невозможни да се исполнат.
Во Април годинава се случи промената на сопственоста во Милан, кога клубот беше превземен од кинеска групација предводена од Јонгхонг Ли. На новиот сопственик на Милан му беа потребни заеми од хеџ фондови од САД да го затвори договорот. Доколку долговите не се вратат до Октомври 2018, договорот предвидува Елиот Менаџмент Корпорејшн (Elliott Management Corporation) да стане субјектот кој ќе управува со Милан. Спорна во потенцијалното превземање би била најверојатната одлука на УЕФА да го одбие планот на Милан во вркса со Финансискиот фер-плеј.
Во продолжение е дел од интервјуто на Фасоне за Радио Уно:
Она што е важно да се знае е тоа дека се обидуваме да постигнеме взаемно прифатлив договор за да ги избегнеме санкциите, бидејќи е невозможно да ги исполниме барањата на УЕФА. Постојат неколку барања со кои не можеме да се усогласиме. Првото се однесува на банкарскиот долг, кој треба да биде решен пред постигнувањето на договорот. Второто барање е околу банкарските гаранции. Овој став на УЕФА треба да ги загрижи новите акционери, но навистина се надеваме дека УЕФА ќе го слушне нашиот предлог за таканеречениот доброволен договор. Сепак, остануваме оптимисти додека го чекаме одговорот.
Доколку УЕФА не го прифати планот, ќе влеземе во категоријата на клубови кои не ги почитуваат правилата, со санкции и спортски ограничувања кои ќе мораме да ги почитуваме и кон кои ќе треба да се придржуваме во наредните години.
Потоа Фасоне беше запрашан за можноста за продажба на некои од најдобрите играчи доколку Милан не се пласира во Лигата на шампионите:
Тоа не би се случило поради овие договори. Ако Милан не ги оствари очекуваните приходи, кои меѓудругото доаѓаат и од Лигата на шампионите, тогаш ќе треба да преиспитаме нашите трансфер стратегии.
Квалификацијата во Лига Европа би значела 30 милиони евра помалку приходи во билансите, што значи 30 милиони евра помалку од буџетот за трансфери. Во таква ситуација, може да одлучиме да продадеме некој играч за да го зголемиме трансфер буџетот.
Од тоа што го знам, слободно можам да кажам дек проектот на Јонгхонг Ли и неговата групација е многу долгорочен. Можеби во иднина, со евентуални измени на регулативата на кинеската влада во однос на кинеските инвестиции во странство, би се приклучиле и нови партнери во овој проект, но сепак, не очекувам црни денови и со постоечката состојба и односи.
Прочитав многу вознемирувачки информации периодов, но компанијата сопственик на Милан има долг од само 120 милиони евра, што релативно малку. Освен тоа, работиме на исполнување на тие обврски до пролет.
Нема некоја особена напнатост во клубот, но ако остваревме подобри резултати, секако дека ќе имаше повеќе насмеани лица отколку во моментов.