Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Милан конечно оствари победа после 3 месеци пауза на домашен терен и тоа против Болоња на Донадони со резултат од 2-1. Тешко извојувана победа, но многу важна, победа за самодоверба, прва победа за Гатузо како тренер на Милан, победа за промена на текот на сезоната. Во продолжение ги претставуваме дел од изјавите на Гатузо, Бонавентура и Монтоливо после мечот со Болоња.

За Медиасет Премиум Гатузо изјави:

Болоња имаше неколку шанси да изедначи, а ние мораме да поработиме на нашата одбрана, очигледно треба долг пат да поминеме.

Многу сум среќен за победата, им се заблагодарив на играчите и ги гушнав сите еден по еден. Знам како работат и што прават во текот на целата недела, па им се заблагодарувам за менталитетот кој го покажаа, но исто така мораме да сфатиме дека треба уште многу да се работи.

Јас сум напнат по природа, дури и кога играм фудбал со моите деца. Долго време го носев овој дрес. Чест и привилегија е да го водам Милан. Сфаќам дека изгледа смешно кога луѓето ќе ме видат покрај линијата. Не ми беше ладно, можев гол да стојам на снегот.

Гатузо во продолжение говореше и за промената на формацијата во 4-4-2, за хереојот на овој натпревар, Џек Бонавентура и дел од играчите кои беа негов избор за дуелот со Болоња:

Бонавентура е толку квалитетен и има осет за гол, што можеш да го ставиш секаде да игра. Секогаш сум зборувал дека тој е еден од најдобрите играчи од средниот ред во Италија. Имаше доста повреди, но секако дека може многу да допринесе и помогне доколку е потполно фит.

Ињасио Абате е уште еден играч кој го мачеа повреди и почна да тренира само пред неколку недели. Патрик Кутроне играше добро против Ријека, имав верба во него и затоа влезе како прва замена од клупата.

На крајот, Гатузо не заборави да му се заблагодари на Монтела за досегашната негова работа во Милан:

Се восхитувам на работата на Монтела и неговото инсистирање за посед на топката, но мојот стил на игра е со повеќе темпо и поголем интензитет во нападот. Имам голема почит према Винченцо. Среќен сум, но имаме следен натпревар на кој треба да мислиме и позицијата на табелата се уште не ни е добра. Одиме утакмица по утакмица, но секако една од работите што треба да се поправат е нашата одбрана.

Најдобриот поединец на натпреварот, Џек Бонавентура говореше за победата, повредите со кои се соочуваше од почетокот на сезоната и тренерот Гатузо:

Беше важно да победиме, среќни сме, се опоравивме од тешкиот период во кој иако напорно работевме, освоивме малку бодови. Оваа победа ни беше повеќе од потребна, се надеваме дека ќе не охрабри за понатаму. На почетокот на сезоната не бев 100% физички спремен, сега тоа е решено, се осеќам добро и среќен сум за головите.

Гатузо? Се вративме на 4-3-3, Гатузо го донесе менталитетот на неговиот Милан и се обидува да го префрли на нас играчите и на целиот тим.

Поранешниот капитен Монтололиво со изјава после натпреварот околу повредите, Гатузо како тренер, моменталната состојба на Милан:

Се уште е рано да се смееме, изгубивме многу бодови. Мораме да се гледаме себе, а не табелата. Не ми беше лесно, подолго време бев надрвор од терените, но не го изгубив срцето и секогаш стојам на располагање на тренерот. Духот мора да биде заеднички, а не само мој.

Гатузо? Беше многу лут на нас, сакаше да пренесе менталитет на пожртвуваност, да ни помогне на теренот. Сега ни е потребна сигурност, а промената на формацијата ни го даде тоа. Во одбрана со тројца имавме повеќе потешкотии.

Можеби најважниот негов потег на натпреварот, за блокираниот удар на Дестро пред голот на Донарума, Монтоливо рече:

Се трудев да го изблокирам Дестро, се надевам дека следниот пат кога ќе направам јас грешка, некој од моите соиграчи ќе го направи истото, бидејќи мораме да си помагаме на теренот.