Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

by | Dec 10, 2017

Ново коло во италијанската Серија А каде на Сан Сиро ни доаѓа секогаш незгодниот Донадони кој со својата Болоња до ова коло има ист број на бодови со Милан.
По дебаклот што се случи кај Беневенто можам слободно да кажам дека ентузијазмот меѓу фановите на Милан никогаш не бил помал но со сигурност атмосферата би била за нијанса подобра доколку вечер убедливо и самуверено ги освоиме трите бода.

Денот почна со лоши вести од Миланело и тоа за Лукас Биља кој повторно има ситна повреда и нема да биде на располагање за овој меч но не е се така црно бидејќи Гатузо најави враќање на формацијата 4-3-3 со која се очекува да имаме далеку подобри резултати од “раштиманата” 3-5-2.

На голот е стандардно Џиџо Донарума додека на местото на Ромањоли кој е суспендиран се очекува да почне Мусакио, а друштво во одбраната ќе му прават Бонучи, Абате и Родригез.
Најголемата енигма и најголемите проблеми на Милан сезонава се токму во средината на теренот, ниту Монтела па досега ни Гатузо не успеваат да ја најдат “добитната” комбинација и конечно Милан да почне да игра како тим, да диктира темпо и да не му се случуваат “црни” периоди поради кои подоцна се губат драгоцени бодови.

Покрај Кеси и екс-капитенот Монтоливо друштво во средината на теренот ќе им прави и Џек Бонавентура кој оваа сезона не е ни бледа сенка од оној Џек кој сите го знаеме и со сигурност можам да кажам дека е играчот од кој највеќе сум разочаран бидејќи сум имал далеку поголеми очекувања.
Воопшто не ми се допаѓа неговата лежерност на терен и однесување како да сме први на табелата со 20 бодови предност пред другите.

Во нападот и по заминувањето на Монтела повторно на сметка на Андре Силва шанса добива Калиниќ, а на крилните позиции се очекува да бидат Сусо и Борини.

Доколку сакаме 3 бода на овој натпревар пристапот на терен мора да е поинаков, ќе мора сите да се жртвуваат и ќе мора да се внимава на нападот на Болоња кој го сочинуваат Верди, Дестро и Паласио и доколку сме исто лежерни и незаинтересирани како на секој друг натпревар досега тогаш ќе ни биде исклучително тешко а можен е и нов дебакл.

FORZA MILAN!!!!!!!!