Последните неколку години немаше и некои поголеми вложувања Милан. Фининвест, холдинг-компанијата во чија сопственост беше клубот скоро 30 години, во 2015 година потпиша прелиминарен договор со тајландскиот бизнисмен Би Тичаубол, за продажба на 48% од акциите на клубот за 480 милиони евра. Сепак, заради необјавени причини, договорот не се реализира како што било планирано. Желбата, или поточно, потребата на Силвио Берлускони да го продаде клубот стануваше се поочигледна, па така, на 5 август 2016 година, беше потпишан нов прелиминарен договор, овојпат со кинеската инвестициска компанија Sino-Europe Sports Investment Management Changxing, на која Fininvest и продаде 99,93% од акциите на Милан за околу 520 милиони евра. Освен тоа, договорот вклучуваше и враќање на финансискиот долг на клубот од 220 милиони евра. Малцинските акционери (индивидуални лица) задржаа незначителни 0.07% од акциите на клубот. На 13 април 2017 година, договорот беше комплетиран, по што Росонери Спорт Инвестмент Лукс стана новоит сопственик на клубот. Новите кинески сопствениции на чело со Јонгхонг Ли исто така се обврзаа да инвестираат околу 350 милиони евра во наредните три години.
Се чини дека ветувањето почна да се исполнува уште во првата година, кога во првиот трансфер период, Милан инвестираше повеќе од 250 милиони евра на нови засилувања. Првите шпекулации за новите играчи почнаа долго пред отварање на трансфер периодот, се шпекулираше дека Милан е договорен со централниот бек Матео Мусакио од Виљареал, левиот бек Рикардо Родригез од Волфзбург, како и Френк Кеси кој играше на средината на теренот во Аталанта. Овие тројца играчи беа и првите со кои Милан потпиша договори, првите двајца за сума од по 18 милиони евра, а Кеси го чинеше Милан 28 милиони евра. Следуваа две засилувања кои безмалку беа договорени во тајност. Младата и надежна 9-ка Андре Силва за 40 милиони од Порто и напаѓачкиот везист, турскиот интернационалец Хакан Чалханоглу од Баер Леверкузен за сума од 24 милиони.
Милан до крајот на меркатото потпиша уште неколку играчи, искусните Фабио Борини и играчот за врска и капитен на Лацио, Лукас Биља. Потоа, еден од најперспективните десни бекови во Италија, Андреа Конти, напаѓачот на Фиорентина Никола Калиниќ, како и младите Тиаго Диаз и Серџо Џоја.
Јагодката на шлагот, во секој случај, беше потписот на Леонардо Бонучи. Искусниот играч на Јувентус и, заедно со Серхио Рамос, може најдобриот штопер во светот! Преговорите помеѓу Милан и Јувентус траеа не повеќе од еден ден и двете страни се договорија за сума од само 42 милиони евра. Бонучи е играч кој се најде во тимот на сезоната во 2016 година, Серија А фудбалер на годината, на неколку пати беше во најдобриот тим на Серија А, одбранбен играч според ФИФА за 2017 година и уште неколку други. Со Јувентус освои 6 лига титули, 3 Тим Куп титули, 3 Суперкупа на Италија и два пати играше во финалето во Лигата на Шампионите.
Оттука и еуфоријата на навивачите е логична. Го потпишавме најдобриот централен бек во светот, имаме еден од најдобрите офанзивни леви бекови, најперспективен млад голман, одличен млад централен дефанзивец во Ромањоли, перспективен десен бек во Конти, каде сите може многу да напредуваат покрај големиот Лео. Милан доби и нов прав капитен, што и го докажа во досегашниот тек од сезоната.
Ce l’abbiamo noi! Ce l’abbiamo noi! Leo Bonucci ce l’abbiamo noi!
Отприлика вака изгледаше последниот преоден рок, каде Милан попиша доста нови фудбалери и доколку успеат да се воиграат како што треба, сигурно може да атакува на највисок пласман и Скудето!
NOI VOGLIAMO UNDICI LEONI, UNDICI, UNDICI, UNDICI LEONI!