Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

by | Mar 22, 2018

Овој четврток се одлучив да пишувам за првата шампионска круна на Милан на стариот континент. Тоа се случи далечната 1962-1963 година во натпреварувањето кое, пред да се преименува во Лига на Шампиони, тогаш се нарекуваше Европски Шампионски Куп на Клубовите или само Европски Куп. Во тоа време, само шампионите на најсилните европски лиги имаа можност да се натпреваруваат во Европскиот Куп.

Милан сезоната 1961-1962 година ја завши како шампион во Италија, оставајќи ги зад себе Интер и Фиорентина на второто и третото место, со што ја доби привилегијата да ја брани честа на италијанскиот фудбал во Европа и да се обиде да стане првиот италијански тим кој го освоил најелитното европско натпреварување.

Милан поседуваше фудбалски легенди во своите редови како Чезаре Малдини, ѕидот во одбраната на Милан и еден од најдобрите дефанзивци на своето време. Тој беше и капитен на овој Милан. После Џани Ривера, играч од средниот везен ред, плејмејкер, кој исто така не ретко имаше и офанзивни задачи. За неговиот квалитет зборува и фактот што ја освои и Златната топка во 1969 година, а беше втор во истиот избор во 1963 година. После преминувањето на Чезаре Малдини во Торино во 1966 година, Ривера беше капитен на Милан цели 12 години, се до неговото пензионирање во 1979 година. Бразилскиот интернационалец Хозе Алтафини или популарно наречен Мацола царуваше во нападот. Тој беше најдобар стрелец во сезоната 1961-1962 со 22 постигнати погодоци. Покрај овие, во Милан играа и фудбалски великани како, подоцна истакнатиот фудбалски менаџер, Џовани Трапатони, агресивниот Геци, Марио Давид и други. Сето ова укажуваше на успешна европска година на Милан.

Европскиот Куп беше натреварување кое беше организирано во нокаут двомечи во прелиминарна фаза, прва рунда, четвртфинале, полуфинале и еден финален натпревар. Од неговото постоење од 1955 година, царуваа само две екипи, Реал Мадрид со пет последователни освоени титули и Бенфика со две.

Милан во прелиминарната фаза се сретна со Унион Луксембирг. Тоа беше двомеч во кој Милан погоди дури 14 пати. Првиот натпревар на Сан Сиро Милан го доби со 8-0, а вториот во Луксембург со резултат од 6-0. Хозе Алтафини погоди 8 пати и се’ укажуваше на уште една одлична негова голгетрска сезона во црвено-црниот дрес.

После гол шоуто против Унион, Милан во првата рунда го пречека шампионот на Англија, Ипсвич. Од овој натпревар исто така се очекуваше офанзивен фудбал од двете страни, проследен со повеќе голови. Милан и Ипсвич беа два клуба со различно фудбалско педигре. Ипсвич беше мал провинциски клуб кој ја изненади англиската фудбалска јавност и во првата сезона по промоцијата во англиската прва лига, успеа да стане шампион. Под водството на младиот менаџер, Алф Рамзи, тие се соочуваа потешкотии да ја одбранат титулата во тековната сезона во Алнглија, но имаа големи надежи за нивниот прв европски потфат. Од друга страна пак, Милан беше еден од гигантите на италијанскиот фудбал, со голема и богата успешна историја. Тие беа четрикратен шампион на Италија само во 50-тите години, финалисти во Европскиот Куп во 1958 година и имаа доволно средства да ги привлечат најдобрите италијански фудбалери во своите редови, како младиот Ривера, но и најдобрите интернационалци како Хозе Алтафини и Дино Сани од Бразил. Милан беше повеќе од спремен и решен оваа година да оди до крај!

Првиот напревар се одигра на Сан Сиро, а Италијаните ја превземаа иницијативата од самиот почеток на натпреварот и впрочем никогаш не ја пуштија. Ипсвич брзо ја загуби и воздушната надмоќ, и Паоло Барисон погоди два пати со глава во првите 15 минути од натпреварот. Во второто полувреме, бразилецот Дино Сани погоди за 3-0 и со тој резултат заврши првиот натпревар, давајќи му здрава преднот на Милан, пред возвратниот меч во Англија. Кога на Портсман Роуд погоди повторно Барисон, патникот во следното коло беше јасен. На крај, Милан сепак го загуби тој натпревар со 2-1, но поради подобрата гол разлика продолжи во следното коло.

Во четвртфиналето, Милан се сретна со Галатасарај. Првиот натпревар се играше во Истанбул, и покрај брзото водство на домаќините, Милан со головите на Мора, Барисон и Алтафини, успеа да го сврти натпреварот во своја корист и да го добие со резултат од 3-1. Возвратниот дуел во Милано, заврши со 5 гола во мрежата на гостите од Турција, 2 гола постигна Пиватели, а Алтафини го постигна третиот хет-трик оваа сезона во Европскиот Куп. Милан со вкупен резултат од 8-1 ја декласираше Галатасарај и стигна до полуфиналето.

Во полуфиналето, Милан силите ќе ги одмери со Данди Јунајтед, а победникот од овој двомеч ќе патува на Вембли. Под раководството на Нерео Роко, Италијанскиот тим имаше одлична одбрана, но и брилијантни играчи на остатокот од теренот. Предводени од единствениот играч останат од финалето во 1958 година против Реал Мадрид, капитенот Чезаре Малдини, тие ќе се обидат да стигнат до Вембли и првата европска титула. Сега него му се придружија Марио Дејвид и енергичниот Џовани Трапатони. Пред нив беше Џани Ривера, 19 годишното чудо од дете на италијанскиот фудбал, обезбедувајќи топки за бразилските голгетери Дино Сани и Хозе Алтафини. Данди, од друга страна, имаше многу помалку ѕвезди, но под диригентската палка на Боб Шенки, успеа да ги остави зад себе Селтикс и Ренџерс и заврши на првото место во првата шкотска лига. Напѓачкото дуо, Алан Кузан и Алан Гизеан, во дотогашниот дел од Европскиот Куп постигнаа 11 гола, елиминирајќи повеќе звучни имиња од натпреварувањето.

Првиот натпревар се одигра на Сан Сиро, а клучен момент беше второто полувреме. По првиот дел, резултатот беше 1-1, Сани беше стрелев за Милан, а Кусин успеа да го израмни резултатот. Во продолжението, Милан погоди уште 4 пати, Барисон и Мора со по 2 гола му обезбедија голема предност на Милан пред возвратниот дуел од 5-1. Таа предност се покажа како превисока, па и покрај тоа што Данди успеа да победи во вториот меч со 1-0, сепак Милан беше патникот во финалето.

 

Финалето се играше во Лондон на Вембли, пред околу 46000 гледачи. Тоа беше прво финале во кое не учествуваше мадридски Реал, но Бенфика и Милан. Бенфика предводена од Еузебио веќе имаше 2 шампионски титули позади себе, што говори за нивната сила. Милан ќе се обиде да ја симне од тронот на Европа, по две години нивно царување.

Во прекрасната мајска вечер на Вембли, еден италијански тинејџер беше спремен да направи се’ во негова моќ и да се изгигне кон ѕвездите. Џани Ривера веќе имаше големо влијание во успехот на Милан на патот до финалето, но на ова, на најголемата фудбалска сцена, охрабрен од митот кој се градеше за него низ цела Италија, од сопствениот тален, ќе докаже дека фудбалскиот свет веќе има нов идол. Тој беше креативното срце на Милан и неговото разбирање со Алтафини ќе се покаже како круцијално кога беше најважно.

Нерео се одлучи за 3-4-3 формација, со Геци на голот, а Давид, Чезаре Малдини и Треби ја комплетираа одбрамбената линија. Како деструктивци и задни везни играчи застанаа Бнитез и Трапатони, а пред нив Ривера и Сани. Напаѓачката линија ја сочинуваа Пиватели, Алтафини и Мора.

Од самиот почеток на финалето, Ривера со своите соиграчи ја контролираа играта. Бедемот на одбраната, Малдини, Давид и Трапатони ги фрустрираа противничките напаѓачи, но Алтафини со соиграчите од нападот изгледаа отсечени и не успеваа да ја задржат топката пред голот на Бенфика. Еузебио и соиграчите исто така не се изнаиграа пред голот на Милан, се гледаше дека следува цврст натпревар, каде влогот е огромен. Но, во 19-тата минута, Торес успеа да го пресече пасот на Трапатони на средината на теренот, го пронајде Еузебио, кој стрелаше ниско покрај стативата и успеа да ја донесе Бенфика во предност. Третата последователна титула на Бенфика веќе изгледаше реалност, особено кога Торес имаше шанса да ја удвои предноста, но тука беше и златното момче на Милан. Бенфика успеа да ја задржи предноста до 58-та минута од натпреварот, кога Ривера веќе царуваше по средината на теренот. Тогаш тој пронајде простор и го проигра Алтафини на околу 17 метри од голот на Переира. Алтафини без размислување и од отсвртување биеше и ја затресе мрежата на Бенфика. Резултатот беше сега изедначен. Само десет минути подоцна, повторно Ривера до Алтафини. Тој биеше и после првиот скротен удар од Переира, успеа да погоди и да го доведе Милан во водство од 2-0. Играчите на Бенфика бараа офсајд, но судијата Артур Холанд пресуди дека голот е регуларен. Овие два гола, 13-тиот и 14-тиот гол на Алтафини, кои патем претставуваа и нов рекорд во Европскиот Куп, беа доволни за да се симне од тронот Бенфика и Европа да добие нови шампиони!

 

Така Милан ја освои својата прва титула, шампион на Европа. Од тогаш па до денешен ден, тој успех го повторија уште цели шест пати, издигнувајќи се Милан во најуспешен италијански фудбалски клуб во светот, а само втор позади Реал Мадрид.

SIAMO NOI, SIAMO NOI, I CAMPIONI DELL’EUROPA SIAMO NOI!