Засилувањето на десната бековска позиција, Андреа Конти, по сериозната повреда на лигаментите, е повторно на зелениот терен. Бившиот играч на Аталанта беше на клупата за резерви на мечот против Киево на Сан Сиро, но не успеа да го направи својот камбек на теренот. Во продолжение ќе ви пренесеме дел од интервјуто на Андреа Конти за MilanTV, каде тој говори за физичката состојба, атмосферата во соблекувалната и можноста за Лига на Шампиони догодина.
После подолго време, се чувствувам добро, иако се уште не сум 100% подготвен. Можам да одиграм дел од неколку натпревари, но сепак се уште не се чувствувам подготвен за да започнам еден натпревар.
Јас секогаш се обидував да останам блиску до тимот, како што они беа секогаш тука за мене, помагајќи да го поминам овој период на рехабилитација. Моето враќање на Сан Сиро (на клупата за резерви на мечот против Киево) беше навистина возбудливо за мене, исто како и мојот прв натпревар тука, чувствувајќи ја атмосферата во соблеквуалната и емоциите на самиот натпревар.
Милан смени многу во начинот на игра и во карактерот на самиот тим. Ние сме тотално различен тим и, да бидам искрен, подобар тим. Гатузо докажа дека е добро подготвен тренер, со сето свое собрано искуство како играч, едноставно не можеше да биде поинаку.
Лигата на Шампионите? Јас верував во пласман дури и кога бевме многу далеку од тоа. Нашите ривали, според табелата, се Интер и Лацио. Јас се надевам дека ќе имам можност да докажам на теренот дека можам да бидам дополнително оружје во походот кон оваа цел.