Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Од 1969 до 2007, од Ривера до Кака: Завидна бројка на играчи кои во тој момент го носеле дресот на Милан ја добиле најважната индивидуална награда во светот на фудбалот.

 

1969: ЏАНИ РИВЕРА

Во тесната битка за гласови за наградата со Џиџи Рива, Џани Ривера ја освојува Златната топка со 83 гласови, само 4 повеќе од Рива. Со тоа, легендата на клубот Ривера станува првиот италијански фудбалер со престижната награда. Секако, ако се изземе Омар Сивори кој ја добива наградата во 1961, но Омар има двојно државјанство, а примарно му е аргентинското. Но беа тоа сосема различни времиња. Ривера ја добива наградата пред натпреварот Милан – Каљари на 19 април 1970, а конкурентот Рива џентлменски, се појавува на настанот и му ја доделува наградата на центарот на Сан Сиро. Следува уште еден убав гест, но во спротивна насока: Токму во таа сезона Каљари станува калчо-суверен на Италија, а играчите на Милан им ги доделуваат медалите на шампионите.

 

1987: РУД ГУЛИТ

По неколку години на успеси на Јувентус, предводен од играчки величини како Мишел Платини и Паоло Роси, Милан ја носи Златната топка назад во Милано. На 8 мај 1988, пред почетокот на дербито против Јувентус, Гулит изјавува: “Сакам да ја посветам оваа награда на Нелсон Мандела, со надеж дека луѓето ќе разберат колку е важна борбата против апартхејдот, затоа што верувам дека сите ние имаме исто право да ја уживаме слободата.”

На тој натпревар Гулит го најави Скудетото кои црвено-црните ќе го освојат само една недела подовцна во Комо: “Се осеќам исто како Цезар и само би рекол: дојдов, видов, победив!”

 

1988-1989-1992: МАРКО ВАН БАСТЕН

Во двата последователни избори за најдобар фудбалер на светот во 1988 и 1989, росонерите имаа апсолутна доминација. Сите тројца играчи во најтесниот избор на УЕФА беа играчи на Милан. Во 1988 тоа беше сехоландски избор: Ван Бастен, Гулит и Рајкард. Година подоцна, повторно “лебедот” Ван Бастен и Рајкард, но овојпат и Франко Барези како конкурент. Третата Златна топка на Марко се смета повеќе како признание за неговата рано завршена кариера. Награда со горк вкус со оглед на тоа што веднаш по добивањето на признанието, заминува во Швајцарија на операција на глуждот, која нешто подоцна ќе стави крај на кариерата на еден од најголемите во историјата на фудбалот.

 

1995: ЖОРЖ ВЕА

Жорж Веа беше првиот неевропски фудбалер кој успеал да ја освои најпрестижната индивидуална награда во светот на фудбалот. Сезоната за која ја доби наградата не ја помина целосно во Милан. Првиот дел од сезоната беше играч на ПСЖ, додека во пролетниот дел го облече дресот на Милан. Веднаш по доаѓањето во Милан го освои Скудетото под водство на Фабио Капело, а наградата ја прими пред почетокот на натпреварот Милан – Сампдорија, директно од неговиот добар пријател и соиграч Роберто Баџо. Веднаш по добивањето на наградата и натпреварот со Сампдорија, Веа заминува на Африканскиот Куп на Нации, како лидер на репрезентацијата на Либерија.

 

2004: АНДРИЈ ШЕВЧЕНКО

“Тоа беше мојот сон, отсекогаш. Станав победник со Анчелоти. Карло го промени начинот на кој играв и тренирав. Тој ми пренесе едно чувство на смиреност. Кога и да сакаш да зборуваш со него како поранешен играч, тој е тука за тебе. И сакам да му се заблагодарам од дното на душата.”

Ова беа првите зборови на Андриј Шевченко веднаш по добивањето на наградата во Париз. Успесите со Милан, но и придонесот за украинската репрезентација му ја донесоа најбелскавата награда. По споделувањето на трофејот со присутните на Сан Сиро на 6 јануари 2005 година, Шева постигна убав гол и учествуваше во победата на Лече со 5-2.

 

2007: РИКАРДО КАКА

Двојна прослава за бразилецот. Ја доби наградата и ги собра честитките на гала настанот во Париз на 2 декември 2007 година, но вистинските овации ги доби од преполниот Сан Сиро, на првиот домашен натпревар по освојувањето на Златната топка. Беше тоа на 13 декември 2007 година, за само 3 дена подоцна Кака да стане и светски шампион, заедно со своите соиграчи во Јокохама, откако Милан успеа да ја победи аргентинска Бока во судирот на европскиот и јужно-американскиот шампион, според тогашниот формат на она што денес се нарекува Светско клубско првенство.

На доделувањето на Златната топка во организација на Франс Футбол, Кака изјави: “Ова е посебно чувство, посебен ден. Му благодарам на Бог за овој подарок. Благодарност и до мојата фамилија, на Милан, на навивачите на клубот и на бразилците.”