Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Попладнево, тренерот на Милан, Џенаро Гатузо одржа прес-конференција пред утрешниот дуел со Спал, кои се во борба за опстанок во Серија А. Еве што тој имаше да каже:

Ги познавам Спал доста добро бидејќи се среќававме во Серија Б и Серија Ц. Тоа е тим кој има голем темперамент, нема да ни биде лесно против нив. Ќе треба да бидеме многу внимателни. Им дадовме два слободни дена на фудбалерите. За време од еден месец, играме девет натпревари и како што видовме, важно е да се одморат. Тие се добри, посвежи и помалку изморени. Многу сум задоволен од одржаните тренинзи оваа недела, но мораме да го потврдиме тоа на теренот.

Калиниќ страда од воспаление и не сакаме да ризикуваме со него. Му дадовме одмор од 3-4 дена, наместо да го загубиме на подолг период. Тука се Кутроне, Андре Силва и Борини, кој може да игра и како напаѓач. Ќе видиме кој помеѓу Силва и Кутроне ќе игра. Андре може да помогне многу повеќе, а тоа го тврдам бидејќи го тренирам и ги знам неговите можности. Тој, како и сите наши напаѓачи, треба да почне да дава голови. Задачата да му се укаже доверба е моја, и на клубот. Одмор за Сусо? Размислуваме за тоа, свесни сме дека не може да ги игра сите натпревари.

Според мене, Родригез може да игра уште подобро, очекувам повеќе од него. Сега Чалханоглу и Бонавентура играат во континуитет, се зависи од нивното меѓусебно толкување и синхронизам. Според мене, целиот тим е подобрен, но не очекував таков комплетен фудбалер во Чалханоглу. Има 24 години, ме изненади. Не знам што очекувавте од Биља? Во 4-5 натпревари тој трча по 12 km. Точно е дека може да помогне во нападот, но тој е фудбалер кој дава неверојатна стабилност. Бонучи, пак, е шампион и еден од најдобрите на својата позиција во последните 7-8 години. Игра како лидер.

Дали другите тимови забавуваат во трката за ЛШ? Да, но ние мораме да размислуваме за победа на натпреварите. Можеби нема е доволно да играме тимски и да ги донесеме трите поени дома, па затоа, треба да покажеме малку агресивност и да имаме среќа. Се надевам дека ќе можам да го продолжам тоа што го започнав. Голема работа во врска со фудбалот е тоа што ако изгубите два натпревари, повторно сте оној што не се разбира и ништо не е во ред. Не сакам да делувам скромно, но навистина мислам дека моја заслуга е да верувам дека тимот може да ги подигне стандардите и да работи како што ми се допаѓа; со голем интензитет и неколку паузи.