Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

По низата солидни резултати и конечно стабилизирање на тимот од страна на Гатузо по оние трауматични неколку месеци со Монтела време е тимот да покаже дека е далеку посозреан и повоигран па затоа победа кај аутсајдерот Спал не треба да биде доведена во прашање.

Огромно разочарување во базата на Милан е сигурно тоа што минатото коло не го искористија киксот на Интер каде имавме можност за намалување на бодовната разлика на -8 во однос на градскиот ривал но поради глупавиот и доста неискусен црвен картон на Давиде Калабрија и според мене промашените измени на Гатузо сепак моравме да се задоволиме со само 1 бод.

Гатузо на вчерашниот прес изјави дека натпреварот со Спал ќе биде исклучително тежок и дека ќе мора да се сфати сериозно бидејќи 3-те бода се единствената опција за нас и не е дозволив никаков кикс.
Говореше за прегустиот распоред кој ќе го имаме во овој месец, каде играме 9 натпревари, и нагласи дека на играчите ќе им биде потребен одмор и најави доста ротации.

За мечот со Спал повратник во составот е Рикардо Родригез, а поради повреда не е повикан Никола Калниќ.
Единствената дилема на тренерот за овој меч е најверојатно позицијата на главен напаѓач каде главни кандидати се Кутроне и Андре Силва но според сите спортски медиуми ширум Италија најверојатно ќе стартува одличниот и секогаш пожртвуван Кутроне.

Одбраната и средината во овој период со Гатузо секогаш се исти и со мали измени, најчесто поради повреди или суспензии и верувам дека тоа е клучно што конечно почнаа да делуваат стабилно и да прикажуваат резултати.

Единствена измена во одбраната би била Абате на местото на Калабрија кој е суспендиран поради црвениот картон против Удинезе.

За крај би сакал повторно да нагласам дека победа е единствената опција и во иднина мора да се искористуваат киксовите на сите конкуренти за место во Европа.
Лигата на Шампионите не е толку далеку како што беше додека на клупата беше Монтела и секако сега кога конкурентите имаат огромен пад во својата игра навистина би било жално да продолжиме во наш стил и да ги прокоцкаме сите тие шанси кои ни се нудат!

Forza Milan! Andiamo ragazzi!!!!!!!!!!!!!!!!