Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

На крајот од 80-тите и почетокот на 90-тите години на минатиот век, холандското трио му помогна на Милан да доминира во италијанскиот и светскиот фудбал. Се разбира, тоа беа никој друг, но светски познатите Марко ван Бастен, Руд Гулит и Френк Ријкард. Меѓутоа, четириесет години претходно, во истиот град, за истиот тим, имаше уште едно трио кое го испиша своето име во книгите по историја на Росонерите: Шведското трио.

Првиот што пристига во Милан е Гунар Нордал и тој ќе стане еден од најголемите напаѓачи во историјата на Серија А. Швеѓанецот слета на тлото на Италија во јануари 1949 година. Прекарот кој го стекна беше „Il Pompierone“ или Големиот пожарник. Првиот натпревар на Нордал беше на Арена стадионот, лоциран во самиот центар на Милано, кој и Милан и Интер многупати го користеа во 40-тите и 50-тите години. Милан играше против послабата Про Патриа од Бурсто Арсизио, a Нордал експлодираше на теренот и постигна два гола.

Швеѓанецот играше за Росонерите до 1956 година, постигнувајќи неверојатни 210 гола во 257 натпревари. Нордал беше најдобар стрелец во Серија А дури пет пати, постигнувајќи 35 погодоци во 1949/50, 34 во 1950/51, 26 во 1952/53, 23 во 1953/54 и 27 во 1954/55 сезона.

На 5 февруари, 1950 година, Нордал ја пронајде мрежата два пати во Торино против Јувентус. Иако тоа само по себе не беше невообичаено, крајниот резултат да, бидејќи Бјанконерите едноставно беа избезумени од тој Милан на Нордал, губејќи на крај со резултат од 7-1. Старата дама безнадежно се обиде да го спречи Il Pompierone, што доведе штоперот на  Јувентус и Италија Карло Парола да биде исклучен заради континуирано фаулирање на Швеѓанецот. По натпреварот, Парола се жалеше дека неговиот тим никако не можеше да го сопре Нордал:

Беше невозможно да го спречиме. Се обидов на секој можен начин, но тој игра како Ѓавол. Тоа беше кошмар за мене и за мојот тим.

Со Росонерите, Нордал освои две титули во Серија А и два Купa Латинa, турнир што се одржуваше пред Европскиот куп, во кој учествуваа клубови од Франција, Италија, Шпанија и Португалија. Во 1956 година, напаѓачот замина за Рим и ги бранеше боите на Волчицата една година.

Сепак, придонесот на Нордал во Милан е многу повеќе од неговите голови. Само неколку месеци по неговото пристигнување во Италија, Швеѓанецот му кажа на одборот на Милан:

Имам неколку пријатели во Шведска кои се многу добри во фудбалот, со нив во тимот можеме да освоиме многу трофеи.

Играчите за кои Нордал зборуваше се Гунар Грен од ИФК Гетеборг и Нилс Лидхолм од ИФК Норчопинг. И двајцата беа играчи од средниот ред кои играа и победија на Олимписките игри во Лондон во 1948 година со Шведска и ја докажаа својата класа. По пристигнувањето на дуото во Милано и ним им беа предадени прекари од фановите, со што Грен стана познат како „Професорот“ за неговата паметна игра, а Лидхолм го зеде прекарот „Ѕвезда на северот“.

Кон крајот на 1940-тите, еден италијански новинар поради потешкотиите да ги изговори тие чудни шведски презимиња на тројцата фудбалери, го нарече триото „Гре-Но-Ли“. Тоа ќе остане како нивно популарно име и понатаму.

Гунар Грен играше за Милан до 1953 година, а потоа ја продолжи својата кариера во Фиорентина, Џенова и Оргрите во неговата сакана Шведска.

Меѓутоа, Лидхолм ја помина целата своја кариера во Италија во Милан и ги претставуваше Росонерите во периодот помеѓу 1949 и 1961 година. Професорот стана легенда меѓу верните фанови на Милан и останува една приказна која до ден-денес се раскажува. На крајот од неговата кариера, целиот стадион на Сан Сиро аплаудирал десет минути откако промашил едно додавање, оддавајќи му признание за сите години на „непогрешливост“ поминати во Милан.

Откако Професорот се повлече од активно играње фудбал, својата професионална кариера ја продолжи како тренер. Започна на клупата на Милан од 1961 до 1966 година. Потоа станува и тренер на Верона,  Монца, Варезе, Фиорентина и Рома. Швеѓанецот повторно се враќа во Ломбардија во 1977 година и во сезоната 1978/79 е тренер на Милан на Џани Ривера, во „Scudetto della Stella“ – десеттата титула која му доделува право на Милан да носи жолта ѕвезда на своите дресови.

По таа историска титула, Лидхолм повторно се враќа Рома, освојувајќи уште едно Скудето во главниот град пред да се врати во Милано во 1984 година, каде ќе остане до 1987 година, што за него ќе биде последен пат на клупата на  Росонерите.

Триото “Гре-Не-Ли” го освои златниот медал во Лондон на Олимписките игри во 1948 година со Шведска, но само Грен и Лидмхолм играа во финалето што го загубија на Светското првенство во Стокхолм во 1958 година, против Бразил на 17-годишниот фудбалски феномен, Пеле.

Влијанието на Швеѓаните врз италијанскиот фудбал беше огромно и „Гре-Не-Ли“ секако одигра клучна улога во славната историја на Милан. Џани Брера, еден од најголемите италијански спортски новинари во тоа време рече:

Шведска не учествуваше во Втората светска војна, и очигледно е дека шведските играчи се подобри од нивните италијански колеги. Ни требаат години да се опоравиме од војната и во моментот не можеме да се натпреваруваме со скандинавците во спортот.

Низ историјата големи имиња и легенди го носеле дресот на Милан. Не случјано Милан е најголемиот и најуспешниот италијански тим во светот. Затоа, генерациите кои следат имаат обврска со почит да се однесуваат кон грбот што го носат на нивните гради и ќе мораат добро да се потрудат за да го заслужат тој црвено-црн дрес.

FORZA MILAN!