Тешкиот пораз од Јувентус, во финалето на Купот на Италија, делуваше разочарувачки за сите играчи и фанови на Милан. Еден од нив е и Џек Бонавентура, кој не можеше да ја скрие својата фрустрација по натпреварот. Тој за Milan TV даде свое видување за настаните на теренот и што навистина се случуваше доле на теренот.
Ние немавме време да реагираме. Јуве го даде вториот гол многу брзо. Имавме солидно издание на овој натпревар, но против Јувентус тоа не е доволно, потребно е да ги избегнеш грешките и да имаш одлично издание на теренот. На крајот, нивната силина излезе на виделина.
Имаме значително подобрување во текот на оваа сезона. Ние мора да сфатиме, барем поискусните играчи, дека во вакви натпревари не смее да се прават вакви грешки и мора да се задржи рамнотежата во натпреварот. Во едно финале, тимот кој прави помалце грешки најчесто победува. Јуве се навикнати на ова, тие поседуваат голем квалитет. Да постигневме гол, исходот од натпреварот ќе беше поинаков.
Ние дадовме се од себе, но сепак, тоа не беше доволно за да се победи тим како Јувентус. Мора да го зголемиме критериумот. Сепак, нашето искуство во Куп натпреварувањето оваа сезона беше позитивно и тоа мора да го имаме на ум. Би сакал да им се заблагодарам на сите фанови. Ајде да гледаме напред и да го заборавиме ова разочарување.