Игуаин: Победа во Дербито, би го дал животот за Гатузо!

by Daniel

По интернационалната пауза, клубскиот фудбал се враќа на програмата во Италија, а најинтересно ќе биде во Милано каде ќе се сретнат градските ривали, Интер и Милан. Според многу сегашни играчи на Милан, ова е најсилниот Милан за кој играле, а дел од причината за таквото мислење е трансферот на Гонзало Игуаин. Аргентинецот има одличен старт во црвено-црниот дрес, постигнувајќи 6 гола во првите 7 натпревари. Тој пред Дербито беше интервјуиран од страна на Газета дело Спорт и МиланТВ, каде говореше за дербито, неговиот трансфер од Јуве во Милан и други работи.

 

Секое дерби има посебен шмек. Ќе биде исто и овој пат, ќе биде убаво чувство бидејќи ова ќе биде моето прво Дерби во дресот на Милан. Го очекуваме дербито со смиреност, концентрација и желба за добар резултат. Ова е дерби полно со страст, нешто слично она дерби во Мадрид. Ние сме решителни и самоуверени, сакаме да го дадеме максимумот и да победиме. Најважното е да победиме, ако постигнам гол уште подобро. Сепак, најважно е да се освојат трите бода.

Гонзало Игуаин и Франк Кеси за време на натпреварот Милан-Аталанта, 23 септември 2018

Изјавата на Ромањоли дека тимот би го дал животот за Гатузо? Се сложувам со Алесио. Гатузо има нешто поинакво, те гледа во очи и можеш да почувствуваш колку многу го сака фудбалот. Кога ќе се сетам дека играв против него во Лигата на Шампионите во дресот на Реал Мадрид… Гатузо се обидува да го извади најдоброто од мене и јас сум му многу благодарен поради тоа. Тимот е на негова страна, тој е личност кој би го дал животот за своите играчи. Не мислам дека сите тренери се такви, всушност, нема многу тренери како него. За мене претставува голема чест да бидам трениран од негова страна, ја донесов вистинската одлука бидејќи тој ме прави подобар.

Гонзало Игуаин и Џенаро Гатузо за време на тренинг во Миланело тренинг центарот

Икарди? Ние не играме тенис, ова е фудбал. Мечот е 11 против 11, не напаѓач против напаѓач. Победуваат тимовите, а не играчи, но тој игра на високо ниво веќе неколку години, постигнува многу голови, се уште е млад и има простор за напредок. Му посакувам се најдобро.

Гонзало Игуаин и Матиа Калдара на плоштад Дуомо, 3 август 2018

Кој беше мојот идол во детството? Не само во детството, туку и низ целиот живот, бразилецот Роналдо. Би земал се од него, тој беше неспоредливо најдобриот играч и не постои ништо што можам да го направам подобро од него. Можното доаѓање на Ибрахимовиќ? Ова се прашања кои треба да ги поставите до клубот. Јас можам да кажам дека би сакал да го делам теренот со големи играчи, а тој е таков играч.

Гонзало Игуаин и Џанлуиџи Донарума пред натпреварот Милан-Аталанта, 23 септември 2018

Целта на Милан? Ние мора да се бориме и да освоиме се, онаму каде што учествуваме. Мојата цел е да го однесам овој тим во Лигата на Шампионите, да постигнам што е можно повеќе голови и да ја освојам Лигата на Европа како и Купот на Италија. Милан има одговорност да се бори на сите фронта, зборуваме за тим кој е вториот најтрофеен тим во Лигата на Шампионите, па така нашата историја тоа го бара и ние веруваме во тоа.

Гонзало Игуаин и Џек Бонавентура во прегратка за време на натпреварот Милан-Киево, 7 октомври 2018

Инзаги, Шевченко и Кака постигнувале голови на нивното прво дерби? За мене ќе биде фантастичен успех ако влезам во овој ‘клуб‘, но сепак најважната работа е победата, без разлика кој постигнал гол. Пред две години Сусо ветил дека ако победи во Дербито ќе оди пешки од Сан Сиро до дома? Силно ветување, тој живее на 50 метри од Сан Сиро… Јас ветувам само три бода, неколку дена одмор и потоа Бетис.

Сусо и Гонзало Игуаин во прегратка по вториот гол на Игуаин на натпреварот Милан-Киево, 7 октомври 2018

 

You may also like

Leave a Comment