Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Време е за Дерби! По репрезентативната пауза, момците на Рино Гатузо се враќаат на клубските активности и дерби дуелот со ривалот Интер. На еден ден пред Дерби дела Мадонина, тренерот Рино се обрати пред медиумите на традиционалната прес-конференција пред натпреварот, каде говореше за ривалството, тимот и Силвио Берлускони.

 

Ваков тип на натпревари не бараат посебна подготовка. Не смее да се трошиме психички, Интер е една силна екипа, особено на физички план и имаат навистина квалитетни играчи. Технички гледано, не мислам дека се подобри од нас, туку баш обратно, но физички постои разлика. Потребно е да се фокусираме на прекините и да играме без страв. На минатото дерби игравме со многу страв, игравме навистина лошо и бевме среќни со финалниот резултат.

Џенаро Гатузо за време на тренинг во Миланело тренинг центарот 

Ние ја подобруваме нашата игра, потребно е да одиргаме добро во двата правци и да креираме шанси. На психолошки план има голем напредок, тимот е тој што е битен. Потребно е играчите да креираат шанси, потребно е да му создадеме шанса на Игуаин за да погоди и да победиме. Ние сме потполно фокусирани и треба да останеме смирени. Длабоко во себе, јас многу сакам да го добиеме ова дерби и се надевам дека ќе одиграме одличен натпревар.

Гонзало Игуаин и Џенаро Гатузо на тренинг во Миланело тренинг центарот 

Момците тренираа добро, без притисок. Јас сум секогаш достапен за моите играчи, секогаш сум директен и така ги носам моите одлуки, па така беше убаво да се чујат некои нивни изјави во изминативе неколку денови. Оваа сезона моите играчи се чувствуваат посигурно, посилно и креираат повеќе шанси.

Сусо и Хакан Чалханоглу на тренинг во Миланело тренинг центарот

Околу одбраната, не е проблем само примањето на гол туку и начинот на кој ги примаме тие голови. Сепак сметам дека се браниме подобро во однос на минатата сезона, потребно е да бидеме 100% фокусирани за време на целиот натпревар, не смее да мислиме дека натпреварот завршил пред последниот свиреж на судијата.

Матиа Калдара на тренинг во Миланело тренинг центарот

Калдара е во составот и ќе го започне натпреварот на клупата за резерви. Тој се уште чувствува болка, но се наоѓа на прав пат. Зборував со Чалханоглу кој имаше солиден настап со својата репрезентација, беше играч на натпреварот на првиот меч и одигра солидно во вториот натпревар. Тој помина низ тешки моменти во својот приватен живот и треба да знае дека ние сме тука за него. Монтоливо тренира со остатокот од тимот, јас немам ништо лично против него, туку станува збор за техничка одлука.

Рикардо Монтоливо, Тиму Бакајоко, Гонзало Игуаин, Лукас Биглиа и Кристијан Запата на тренинг во Миланело тренинг центарот

Пакета? Кога ќе потпише за Милан, тогаш јас ќе зборувам за Пакета. Калабрија или Абате? Јас веќе донесов одлука и знам кој ќе игра. Калабрија е одлична личност, никогаш не се плаши да нападне и нафрли во шеснаесетникот. Абате му помага многу на овој тим, на и надвор од теренот. Конти тренира со 60% од својата сила веќе две недели. За две недели треба да одигра натпревар за Примавера тимот, но на крај одлуката ја носат докторите.

Гонзало Игуаин и Џенаро Гатузо за време на тренинг во Миланело тренинг центарот

Берлускони? Тој е еден од најдобрите тренери во историјата на фудбалот. Не гледам ништо изненадувачки во она што го кажал, во моите први неколку месеци како тренер на Милан тој често ми се јавуваше и инсистираше да играм со двајца напаѓачи. Тој може да каже што сака, јас имам одлично мислење за него, му ги објаснив моите одлуки и јас сум тој што ги носи одлуките. Мислам дека му се допаѓа како играме во моментов.